Годивле

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Годивје (Прилепско))
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Годивле
Годивле is located in Македонија
Годивле
Местоположба на Годивле во Македонија
Координати 41°22′7″N 21°19′3″E / 41.36861° N; 21.31750° E / 41.36861; 21.31750Координати: 41°22′7″N 21°19′3″E / 41.36861° N; 21.31750° E / 41.36861; 21.31750
Регион Прилепско Поле
Општина Coat of arms of Krivogaštani Municipality.svg Кривогаштани
Население 166 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 580 м. м
Годивле на општинската карта
Годивле во Општина Кривогаштани.svg

Атарот на Годивле во рамките на општината


Годивле (порано: Годивје) — село во Општина Кривогаштани, во околината на градот Прилеп.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Ова е рамничарско село, кое се наоѓа во Пелагонија. Селото е во рамките на Општина Кривогаштани, неколку километри источно од Крушево.

Историja[уреди | уреди извор]

Жители на Годивле пред селски дуќан во почетокот на XX век

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) под името Годиле и имало 13 семејства, 1 неженет и 2 вдовици, сите христијани. Селото било тимар на Јусуф, сина на Мухаммеди, и Мухаммеди, син на Јахша.[1]

На крајот на XIX век, селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.

Во 2014 г. на дотогашното Годивје официјално му е вратено традиционалното име Годивле.[2]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Годивле живееле 244 жители, сите Македонци.[3]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Годивле имало 144 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

Според пописот од 2002 година, во селото Годивле живеат 166 жители, од кои 165 Македонци и 1 Србин.[5]

На табелата е прикажан бројот на жители низ сите пописни години:[6]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 244[3] 144[4] 314 369 399 346 297 232 214 166

Родови[уреди | уреди извор]

Годивле е македонско православно село, родовите во селото се староседелски и доселенички.

Староседелски родови се: Несторовци (12 куќи), Колевци (3 куќи) и Ѓуровци (2 куќи).

Доселенички родови се: Гулабовци (3 куќи) доселени се однекаде; Дувнимагловци (11 куќи) родот го основал Тасе, кој имал синови Тоше и Божин. Тасе се доселил од некое село во охридско, најпрво се населил во Кривогаштани, па набрзо од таму прешол во Годивле; Толевци (5 куќи) потекнуваат од домазет кој влегол во родот Несторовци, а се доселил од некаде; Ацевци (8 куќи) за нив се вели дека потекнуваат од предок Ром кој најпрво живеел во Бело Поле, сега се женат со Македонки но црната боја им останала; Стојановци (1 куќа) потекнуваат од домазет кој дошол од селото Свето Митрани, таму припаѓале на родот Ѓаќеровци, подалечно потекло од некое село во Железник.[7]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборното место бр. 1508 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[8]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 106 гласачи.[9]

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[10]
Археолошки наоѓалишта

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Се знае за следните постари иселени родови и семејства од ова село.

Колевци иселени се во Кореница. Бозаровци иселени се во Кривогаштани. Сираковци и Мрснакора иселени се во Турско. Од родот Колевци во селото, има иселеници во Бугарија (едно семејство). Од родот Несторовци има иселеници во Турско и Прилеп (по едно семејство). Од родот Дувнимагловци има иселеници во Прилеп. Од родот Гулабовци како домазет се има иселено еден човек во Кривогаштани.[7]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.69
  2. „Закон за изменување и дополнување на законот за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија“ (PDF). Сл. Весник на Р. Македонија, бр.149 од 13.09.2014 година.
  3. 3,0 3,1 Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр.237.
  4. 4,0 4,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.148-149.
  5. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеографска проучавања, Београд 1998
  8. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  9. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  10. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  11. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски[уреди | уреди извор]