Годивје (Прилепско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Годивје, Прилепско)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Годивје
Годивје is located in Македонија
Годивје
Местоположба на Годивје во Македонија
Координати 41°22′7″N 21°19′3″E / 41.36861° СГШ; 21.31750° ИГД / 41.36861; 21.31750Координати: 41°22′7″N 21°19′3″E / 41.36861° СГШ; 21.31750° ИГД / 41.36861; 21.31750
Регион Прилепско Поле
Општина Coat of arms of Krivogaštani Municipality.svg Кривогаштани
Население 166 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 580 м. м
Годивје на општинската карта
Krivogaštani Municipality.svg

Атарот на Годивје во рамките на општината


Годивје, старо име Годивле, е село во Општина Кривогаштани, во околината на градот Прилеп.


Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Годивје е рамничарско село, кое се наоѓа во Пелагонија. Селото е во рамките на Општина Кривогаштани, неколку километри источно од Крушево.

Историja[уреди | уреди извор]

Жители на Годивје пред селски дуќан во почетокот на XX век

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) под името Годиле и имало 13 семејства, 1 неженет и 2 вдовици, сите христијани. Селото било тимар на Јусуф, сина на Мухаммеди, и Мухаммеди, син на Јахша.[1]

На крајот на XIX век, селото било дел од Прилепската каза на Отоманската Империја.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Годивје живееле 244 жители, сите Македонци.[2]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Годивје имало 144 Македонци, егзархисти.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Годивје живеат 166 жители, од кои 165 Македонци и 1 Србин.[4]

На табелата е прикажан бројот на население низ сите пописни години:[5]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 244[2] 144[3] 314 369 399 346 297 232 214 166

Родови[уреди | уреди извор]

Годивје е македонско православно село, родовите во селото се староседелски и доселенички.

Староседелски родови се: Несторовци (12 куќи), Колевци (3 куќи) и Ѓуровци (2 куќи).

Доселенички родови се: Гулабовци (3 куќи) доселени се однекаде; Дувнимагловци (11 куќи) родот го основал Тасе, кој имал синови Тоше и Божин. Тасе се доселил од некое село во охридско, најпрво се населил во Кривогаштани, па набрзо од таму прешол во Годивје; Толевци (5 куќи) потекнуваат од домазет кој влегол во родот Несторовци, а се доселил од некаде; Ацевци (8 куќи) за нив се вели дека потекнуваат од предок Ром кој најпрво живеел во Бело Поле, сега се женат со Македонки но црната боја им останала; Стојановци (1 куќа) потекнуваат од домазет кој дошол од селото Свето Митрани, таму припаѓале на родот Ѓаќеровци, подалечно потекло од некое село во Железник.[6]

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[7]
Археолошки локалитети

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.69
  2. 2,0 2,1 Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр.237.
  3. 3,0 3,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.148-149.
  4. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  6. 6,0 6,1 6,2 Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавоњо, Београд 1998
  7. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  8. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]