Гломерул
Изглед
| Гломерул | |
|---|---|
Glomerulus (red), Bowman's capsule (blue) and proximal tubule (green) | |
| Податоци | |
| Претходник | Metanephric blastema |
| Назнаки | |
| Латински | glomerulus renalis |
| FMA | FMA:15624 |
Гломерулот (од латински glomerulus, што значи "мала топка") е збир од капилари, односно многу фини крвни садови, кои се наоѓаат во почетниот дел на нефронот. Овие капилари се специјализирани за филтрирање на плазмата од крвта, при што се отстрануваат отпадните материи, вода, електролити и други мали молекули, додека поголемите молекули, како протеините и крвните клетки, остануваат во крвотокот.
Гломерулот е сместен во Баумановата капсула, која е двоен слој на епителни клетки што го обвиткува гломерулот и ја собира филтрираната течност, наречена примарна урина или гломеруларен филтрат. Заедно, гломерулот и Баумановата капсула го сочинуваат бубрежното телце (corpusculum renale).
| ||||||||||||