Глобализацијата и болестите

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Глобализацијата, протокот на информации, стоки и работници преку политички и географски граници, помогна во ширењето на некои од најсмртоносните заразни болести познати на луѓето. Во текот на историјата болестите земале широки географски размери. Првите болести кои се ширеле од Азија кон Европа биле епидемијата од чума, грип од најразлични видови и некои слични заразни болести. Во сегашната ера на глобализација, светот е повеќе зависен од било кое друго време. Недостапноста до некои места се должи на ефикасниот и евтин транспорт а зголемената светска трговија со земјоделски производи донесе се повеќе луѓе во допир со животински болести кои подоцна ги преминаа границите меѓу видовите.

Глобализацијата земала замав во текот на Ерата на Големите географски откритија кога трговските патишта кои веке долго време биле воспоставени меѓу Азија и Европа придонеле во пренесувањето на болестите. Зголемените туристички патувања ги прошириле болестите и кај домородците во некои земји кои претходно не биде изложени на тоа. Кога локалното население ќе се заразело со нова болест, а немале развиено антитела со генерации на претходна изложеност, новата болест неконтролирано се ширела меѓу населението.

Етиологијата, современата гранка на науката која се занимава со причините за инфективните болести, познава пет главни начини преку кои се пренесуваат болестите: преку воздух, вода, крв, директен допир, како и преку вектор (инсекти или други суштества кои пренесуваат бактерии од еден вид на друг). Истражувањата укажуваат дека со прекуокеанските патувања на луѓето во земји кои претходно биле изолирани, болестите се пренесувале преку сите пет начини.

Начините на патување и глобализацијата[уреди | уреди извор]

Ерата на Големите географски откритија генерално се однесува на периодот меѓу 15ти и 17ти век. Во тој период технолошкиот напредок во бродоградбата и навигацијата го олеснале истражувањето на луѓето надвор од нивните граници.Глобализацијата донесе и многу придобивки, како на пример Европејците открија нови производи како што се чајот, свилата и шеќерот, со развивањето на трговските патишта од Африка до Индија и Малуко Островите за најпосле да стигнат до Америка.

Покрај тргувањето со стоки, многу народи почнаа трговија со робови. Тргувањето со робови беше уште ден начин преку кој се пренесуваат болестите до нови места и народи, на пример, од Супсахарска(Екваторијална)Африка до Карибите и до Америка.Во тое време, различни општества почнаа да се интегрираат зголемувајќи го бројот на население и животни во одредени места а тоа доведе до појава на нови болести од кои некои почнаа да мутираат од животни на луѓе.

Во тој период лекувањата на јасновидците и лекарите-вештери најчесто се базирале на магија и религија, како и лекување на целото тело и дух, наместо да се сконцентрираат на неколку симптоми како што тоа го прави современата медицина. Првобитната медицина честопати вклучувала употреба на билки и медитација. Засновано на археолошки докази, некои праисториски лекари во Европа и Јужна Америка користеле трепанација, правејќи дупка во черепот за да се ослободи болеста.Тешките болести честопати се сметале за натприродни или магични. Последица од пренесувањето на евроазиските болести во Америка е фактот дека мештаните многу повеќе умирале од болести и бактерии отколку што биле убивани од страна на колонистите. Научниците проценуваат деке за период од четири века епидемичните болести ништеле 90 отсто од Американското домородно население.

Во Европа, во текот на Ерата на Големите географски откритија, болестите како што се вариола(голема сипаница), мала сипаница и туберкулоза веќе постоеле векови наназад а биле пренесени преку трговијата со Азија и Африка. Луѓето веке имале создадено антитела против овие и други болести од Евроазискиот континент. Кога Европејците патувале во новите земји, ги носеле овие болести со нив. (Забелешка : научниците веруваат дека ТБ- туберкулозата веќе била ендемична во Америка). Кога вакви болести за прв пат ке се појавеле кај ново населенеие, ефектите кај староседелците станувале широкораспространети и смртоносни. Со Колумбиската размена на животни и растенија, односно со првиот контакт на Кристофер Колумбо со Карибските домородци, започнала размената на болести.

Во 1800тите луѓето почнале да ја согледуваат поврзаноста и улогата меѓу бактериите, микробите и болеста. Иако многу мислители имале свои ставови околу бактериите, се додека Луј Пастор не ја искажал неговата теорија за бактериите како и потребата за миење раце (особено во медицинската пракса) никој не верувал. Луѓето биле мошне скептични, но на 22 мај 1881 година, со првата успешна вакцинација, Пастер убедливо ја докажал неговата теорија за бактериите и болестите. Антракс вакцинацијата била извршена на 25 овци а други 25 овци ги совладувале без вакцина. На 31 мај 1881 година, сите овци биле изложени на антракс при што овците кои биле во контролната група умреле, а секоја од вакцинираните преживеала.Екпериментот на Пастер станал пресвртница во заштитата од болести. Неговите наоди заедно со други понатамошни вакцини го смениле начинот на кој глобализацијата влијание врз светот.

Последиците од глобализацијата врз болестите во современиот свет[уреди | уреди извор]

Современите начини на транспорт значат движење со побрзо темпо на луѓето и производите низ светот а и отворен воздушен пат за инсектите кои ги пренесуваат заразните болести. Еден таков пример е Вирусот Од Западен Нил. Се верува дека болеста стигнала до САД преку комарците кои се возеле во авионските тркала и на тој начин стигнале до Њујорк во 1999та година. Со користење на воздушниот сообраќаај луѓето можат да патуваат во странство, да се заболат од некоја болест но да немаат никакви симптоми, се додека не се вратат дома и истовремено на болеста ги изложат и другите околу нив.

Со напредокот на медицината се развивале многу вакцини и лекови за некои од најтешките болести кај луѓето (чума, сифилис, тифус, колера, маларија). Но бидејќимикроорганизмите еволуирале многу брзо, дури и со вакцините било тешко да се добие целосна отпорност од многу болести. Воопшто, наоѓањето вакцини за некои болести и понатаму било исклучително тешко. Светот, без вакцини, останува подложен на заразни болести.

Еволуцијата на болестите претставува голема закана за денешницата. На пример, актуелниот "свински грип" и вирусот Х1Н1 е нов вирус односно застарена форма на грипот познат со векови наназад како азиски грип именуван според континентот од каде потекнува. Од 1918 до 1920та година, или повоениот период од Првата Светска војна, од глобална епидемија на грип загинале околу 50-100 000 000 луѓе, вклучувајќи половина миллион во САД. Х1Н1 е вирус кој еволуирал од, и делумно со делови од птичји, свински и човечки грип.

Глобализацијата го зголемила ширењето на заразните болести од Југот кон Северот, но исто така и ризикот од непреносливи болести преку културата и начинот на живот од Северот кон Југот. Важно е да се пронајдат и да се намали ширењето на болестите во земјите во развој. Сепак треба да се осврнеме и на ризичните фактори на непреносливите болести и животниот стил на Југот кои се причинители на болести, како што се потрошувачката на цигари, алкохол и нездрава храна, сите подеднакво важни.