Срцев гликозид

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Гликозиди на дигиталис)
Хемиската структура на олеандринот, кој претставува срцев гликозид.

Срцеви гликозиди (или кардијални гликозиди) се лекови кои се користат во терапија на конгестивна срцева инсуфициенција и срцева аритмија. Овие гликозиди претставуваат вторични метаболити на некои растенија, но исто така и на некои животни.