Гликемија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Флуктуација на крвниот шеќер (црвено) и хормон за намалување на ниво на шеќерот, инсулин,(сино) кај луќето во тек на денот со три оброка. Еден од ефектите на сахароза-богат наспроти скроб-богат оброк е нагласаен.[1]

Гликемија е концетрација на глукоза во крвта. Нејзините нормални вредности во човекот се од 80 до 120 mg% (или во новиот SI од 4.44 до 6.66 mmol/l). Кај здрави луѓе речиси и не излегуваат од тие граници, освен за кратко време по долго гладување, физичко напренување или по обилна исхрана со слатки производи. Во одржувањето на гликемијата учествуваат повеќе фактори, од кои најважни се: црн дроб, бубрези, хормони и нервен систем.[2]

Црниот дроб во кој се чуваат резерви на глукоген, непосредно ја регулира гликемијата. Така, по ресорпцијата и зголеменото ниво на глукоза во крвта таа оди во црниот дроб каде се синтетизира глукоген. Обратно, при зголемено трошење глукоген и глукоза во клетките глукогенот од црн дроб се мобилизира и се добива глукоза која поминува низ крвта. Резервите во црниот дроб не се исцрпуваат ни по долго гладување.

Бубрезите учествуваат во регулирањето на гликемијата преку можноста за целосна реапсорпција на глукозата од бубрежните тубули. При зголемување на содржината над 150–170 mg%(15-18 mmol/l) еден дел од глукозата не се реапсорбира и се излачува со мочта, појава наречена глукозурија.

Хипергликемија е појава на зголемено ниво на гликемијата. Таа може да е предизвикана од зголемено внесување растворливи јаглехидрати со исхраната, под дејство на нервни фактори, на пример, надразнет симпатикус. И хормоните имаат свое влијание врз појава на хипергликемијата, а со најизразено такво дејство се адреналинот и глукагонот, кои го мобилизираат глукогенот од црн дроб, потоа соматотропниот хормон и гликокортикостероиди кои спречуваат глукозата да влезе во клетките.

Хипогликемијата е намалено ниво на гликемија, се јавува поретко од хипергликемијата, главно при намалено ниво на инсулин во крвта.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Daly, Mark E; Vale, C; Walker, M; Littlefield, A; Alberti, KG; Mathers, JC (1998). „Acute effects on insulin sensitivity and diurnal metabolic profiles of a high-sucrose compared with a high starch diet“ (PDF). Am J Clin Nutr. American Society for Clinical Nutrition. 67 (6): 1186–96. doi:10.1093/ajcn/67.6.1186. PMID 9625092. Посетено на 19. 2. 2011. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. Учебник по биологија за трета година на реформираното гимназиско образование - стр. 73