Глен и Беси Хајд

Од Википедија — слободната енциклопедија

Глен и Беси Хајд (англиски: Glen and Bessie Hyde) биле младенци кои исчезнале додека пловеле по реката Колорадо во Аризона, 1928 година.[1]

Детство и младост[уреди | уреди извор]

Глен Хајд е роден на 9 декември 1898 година во Твин Фолс. Бил земјоделец. Беси Луиз Хајд е родена на 29 декември 1905 година во Паркерсбург во Западна Вирџинија. Се запознале 1927 година на патнички брод кој патувал за Лос Анџелес. Се венчале на 12 април 1928 год.[2]

Исчезнувањето[уреди | уреди извор]

Последен пат се видени во ноември 1928 година кога пловеле по реката Колорадо. За кратко време е покрената потрага по нив која траела до декември 1928 година. Во средина на декември од авионот со кој е претражувана реката приметен е нивниот чамец кој не бил оштетен а исто така не потонал. Во чамецот биле и нивните фотографии кои биле направени пред исчезнувањето. Се смета дека двајцата паднале од чамецот и дека се удавиле.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Glen and Bessie Hyde
  2. „Fretwater Press“. Архивирано од изворникот на 30 јуни 2007. Посетено на 1 мај 2014.
  3. Adolph G. Sutro images of the Hydes

Надворешни врски[уреди | уреди извор]