Прејди на содржината

Глас на Егејците

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ослободување
Форматвесник/списание
УредникТодор Симовски
Основан1 септември 1950
Јазикмакедонски
СедиштеСкопје

Глас на Егејците“ — весник на Здружението на децата бегалци од Егејска Македонија, излегувал од 1 септември 1950 до мај 1954 година во Скопје, Социјалистичка Република Македонија, а моментално се издава во Скопје.

Од 37. број во 1953 година, весникот станува орган на Сојузот на Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Се објавува двапати месечно, во формат 45x34 cm. Главен уредник и одговорен за весникот е етнографот Тодор Симовски[1]. Главните теми за кои се зборува на страниците на весникот се минатото на Егејска Македонија, конкретно Граѓанската војна во Грција и судбината на бегалците од областа [2]. Друг главен уредник на весникот е историчарот Христо Андоновски [3] . Последниот 46. број бил објавен во мај 1954 година.

Во 2004 година, издавањето на „Глас на Егејците“ е обновено како списание.[4]

  1. Литовски, Александар. Јубилеен календар од егејскиот дел на Македонија во 2010, стр.72-73
  2. Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 363. ISBN 978-608-203-023-4.
  3. Почина новинарот и публицист Христо Андоновски, Утрински весник, 16 октомври 2006.[мртва врска]
  4. СОЈУЗ НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈОТ „МАКЕДОН“:70 ГОДИНИ ОД ГРЧКО-ИТАЛИЈАНСКАТА ВОЈНА Архивирано на 4 март 2016 г., преземено од radiolav.com.mk на 28.04.2012 г.