Гласоечко

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гласоечко
Традиционални народни носии во најмалиот етнолошки музеј на светот, Џепчиште
ДомениИзведбена уметност (музика)
Поврзница01104
ОбластЕвропа и Северна Америка
Историја на впишувањето
Впишување2015 (4 сесија)

Гласоечко — традиционален облик на вокална музика, машко двогласно пеење од Долни Полог, карактеристично за оваа област.[1] Ова пеење се препознава како симбол на културниот идентитет на македонскиот народ од оваа област кој токму во гласоечките песни ги вградил својата историја, митологија, традиција и култура. Прогласено е за нематеријално културно наследство на УНЕСКО.

Пеење[уреди | уреди извор]

Песните се пеат полифониски, додека дронскиот глас се движи спротивно во однос на водечкиот мелодиски глас, често следен со кавал и гајда. Гласоечкото се изведува неусилено од два-тројца пејачи, на свечености, свадби, вечерни забави и други дружби. Гласоечките пејачи се истакнати и талентирани поединци кои се стекнале со знаење со подражавање на техниките и вештините од претходниците.

Светско културно наследство[уреди | уреди извор]

Гласоечкот е впишано во список на светското нематеријално културно наследствосписокот на светското нематеријално културно наследство во 2015 година и тоа веднаш на списокот на итна заштита [2]. Имено, гласоечкот се соочува со бројни многу озбилни закани за одржливост, бидејќи бројот на поединци и групи кои го пеат и пренесуваат забрзано се смалува, делумно заради трајната миграција на изведувачите после воените конфликти во 2001 година[2].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Гласоечко“ впишано на списокот на УНЕСКО на семрежното место на A1on
  2. 2,0 2,1 Glasoechko, male two-part singing in Dolni Polog на семрежното место на УНЕСКО (англиски) Пристапено 10 март 2020.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Гласоечко пеење на Јутјуб