Гланис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Храмот на Валетудо, околу 39 п.н.е., во Гланум.

Гланисгалски бог поврзан со исцелителен извор во гратчето Гланум во планините Алпили во Прованса во јужна Франција. На местото на изворите има цистерни каде што можеби се капеле аџиите. Во близина на еден од нив бил поставен олтар на Гланис и Гланикети. Гланике биле тријада на месни мајки божици поврзани со лековитите извори.

Гратчето, каде што е подигнато светилиште на Гланис во 4 век п.н.е., самиот бил именуван по богот. Кога станала колонија на Римската Империја, Римјаните ја следеле нивната вообичаена практика со впивање на Гланис во нивниот пантеон во облик на Валетудо. Обожувањето на Гланис/Валетудо завршило со подемот на христијанството и уништувањето на Гланум во 270 н.е.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. H. Rolland, "Un temple de Valetudo à Glanum", Revue Archéologique (1955: II. 98-106.)
  • Грин., Миранда. DGERPUAKsEDMchDsTpewwy38u1LZU8eRfu. Thames and Hudson Ltd. Лондон. 1997 година.