Глазне

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Глазне
Glazne.JPG
Реката Глазне
Местоположба
МестоБанско, Пиринска Македонија
Физички особености
Извор 
 • местор. Бандерица и р. Демјаница
 • координати41°49′02″ N; 23°28′14″ E / 41.8172° СГШ; 23.4706° ИГД / 41.8172; 23.4706
 • надм. вис.1.063 м
Устие 
 • место
р. Исток, 1,2 км СИ од с. Бања, Општина Мехомија
 • координати
41°53′42″ N; 23°32′25″ E / 41.895° СГШ; 23.5403° ИГД / 41.895; 23.5403Координати: 41°53′42″ N; 23°32′25″ E / 41.895° СГШ; 23.5403° ИГД / 41.895; 23.5403
 • надморска височина
771 м
Должина11 км
Големина на сливот119 км2
Проток 
 • просечен2,03 м3
Особености на сливот
ТечениеИстокМестаЕгејско Море

Глазнерека во Разлошко (општините Банско и Мехомија), Пиринска Македонија, десна притока на реката Исток од сливот на Места. Долга е 11 км (24,6 км заедно со десната составница Демјаница).[1]

Реката се образува со слевањето на нејзините составници Бандерица (13 км, лева) и Демјаница (13,6 км, десна) на надморска височина од 1.063 м.н.в, до најјужните населби на градот Банско. За нејзин почеток се смета реката Демјаница, која извира од Големото Езеро (на 2.280 м.н.в.), најголемото од Валавичките Езера на Пирин. Демјаница тече право на север во мошне валова долина, со стрмни страни и силно пошумена. Откако ќе се соедини со Бандерица од лево, новообразуваната река Глазне тече низ западниот дел на градот Банско и ја пресекува Разлошката Котлина во правец југ-север. Западно од с. Бања реката свртува на североисток и завршува како десна притока на р. Исток (десна притока на Места), 1,2 км североисточно од с. Бања.

Глазне во Банско.

Сливот на реката зафаќа 119 км2, што претставува 3,89 % од вкупниот слив на Места. Главни притоки се Мала Глазне и Конушица, обете десни.

Глазне има релативно нерамномерен водостој: средниот годишен истек кај с. Бања е 2,03 м3, најполноводна е во мај и јуни, а најслабоводна во септември. При јунското топење на снеговите знае да надмине 30 м3. И покрај тоа, Глазне ретко се прелева и не предизвикува поплави, бидејќи бреговите се добро утврдени во Разлошката Котлина. Поголеми поплави се случиле во 1957 и през 2007 г. Средниот наклон на течението изнесува 62 ‰.

Единственото населено место по течението е градот Банско.

В долното течение, во Разлошката Котлина водите се користат за наводнување.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Мичев, Николай и др. (1980). Географски речник на България. София: Наука и изкуство. стр. 137.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]