Гладијатор 2
| Гладијатор 2 | |
|---|---|
Плакатот на македонски јазик | |
| Режисер | Ридли Скот |
| Продуцент |
|
| Сценарио | Дејвид Скарпа[1] |
| Приказна |
|
| Главни улоги | |
| Музика |
|
| Кинематографија | Џон Метисон |
| Монтажа |
|
| Студио |
|
| Дистрибутер | Paramount Pictures |
| Премиера | 15 ноември 2024 г. (Обединето Кралство) 22 ноември 2024 г. (САД) 14 ноември 2024 г. (Македонија) |
| Времетраење | 141 минута |
| Земја | |
| Јазик |
|
| Буџет | 210 — 310 милиони долари |
| Бруто-заработка | 462,2 милиони долари[2][3] |
| Претходен | Гладијатор |
| IMDb | ID 9218128 |
Гладијатор 2 (англиски: Gladiator 2) — историски игран филм во режија на Ридли Скот, продолжение на филмот „Гладијатор“. Плановите за филмот биле објавени уште од 2001 г. Во февруари 2023 г., се дознало за планираната трилогија. Датумот на објавување на првиот филм од трилогијата е 22 ноември 2024 г.; третиот и четвртиот филм ќе бидат прикажани во 2026 и 2027 г.[4]
Премиерата на филмот во Македонија била на 14 ноември 2024 г.
Содржина
[уреди | уреди извор]Филмот се одвива 16 години по смртта на Марко Аврелиј, кога Рим е управуван од браќата Каракала и Гета. Синот на Луцила, Луциј, живее непризнат во последниот слободен град Нумидија. Овој град е освоен од римската војска под заповедништво на Марко Акациј (мажот на Луцила), Луциј ја губи својата жена Аришат во битка, е заробен и станува гладијатор. Уште на првиот ден од игрите, Луцила го препознава својот син. Макрин, господарот на Луциј, открива дека Луцила и Акациј организирале републиканска завера и им кажува на царевите за тоа, благодарение на што тој станува нивен довереник.
Акациј е испратен во арената на Колосеумот, каде што мора да се бори со Луциј. Тој намерно му попушта на својот противник за да не му наштети на синот на неговата жена, но и Луциј се откажува од својата одмазда. По наредба на Гета, Акациј е застрелан со стрели, предизвикувајќи немири во Рим. Макрин го користи ова за да го поттикне Каракала на братоубиство. Откако го убива Гета, тој го назначува Макрин за втор конзул и командант на Преторијанската гарда.
Луциј сака да го ослободи Рим од корупција и терор, и затоа му наредува на својот пријател д-р Рави да ја пренесе наредбата до војската на Акациј, распоредена во Остија, да маршираат кон Рим. На последниот ден од гладијаторските игри, тој самиот е принуден да ја брани Луцила од преторијанците. Луциј предводува востание на затворениците и го зазема Колосеумот, но Луцила е убиена пред негови очи од стрела од Макрин, кој го убива и Каракала, преземајќи ја власта над царството.
Макрин ја предводува Преторијанската гарда против војската на Акациј. Луциј, жеден за одмазда за убиството на неговата мајка, брза по него, го стигнува и меѓу нив започнува двобој, во кој Макрин умира. Потоа Луциј држи говор во кој се повикува на сонот на Марко Аврелиј за „праведен Рим“. На овој начин тој спречува граѓанска војна.
Улоги
[уреди | уреди извор]| Глумец | Улога |
|---|---|
| Пол Мескал | Луциј Вер Аврелиј / Хано |
| Кони Нилсен | Луцила |
| Дерек Џејкоби | сенатор Грах |
| Дензел Вашингтон | Макрин |
| Џозеф Квин | цар Гета |
| Педро Паскал | Марко Акациј |
| Александер Карим | Рави |
| Лиор Раз | Виго |
| Јувал Гонен | Аришат |
| Рори Макан | Тегула |
| Питер Менса | Јубарта |
| Мет Лукас | распоредителот на церемониите |
| Фред Хекингер | цар Каракала |
| Тим Макинерни | сенатор Тракс |
| Јан Гаел | Бостар |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ (in en) Gladiator II | Official Trailer (2024 Movie) - Paul Mescal, Pedro Pascal, Denzel Washington. Paramount Pictures. August 5, 2024. https://www.youtube.com/watch?v=4rgYUipGJNo.
- ↑ „Gladiator II (2024)“. Box Office Mojo. IMDb. Архивирано од изворникот 22 ноември 2024. Посетено на 9 февруари 2025.
- ↑ „Gladiator II (2024) - Financial Information“. The Numbers. Архивирано од изворникот 15 ноември 2024. Посетено на 9 февруари 2025.
- ↑ Coman, Monica (2024-08-29). „Gladiator 2's Rating Officially Revealed“. CBR (англиски). Посетено на 2024-09-01.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Гладијатор 2 на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)