Гладијатор (саундтрак)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Гладијатор
Gladiator: Music From the Motion Picture“
саундтрак од Ханс Цимер и Лиза Џерард
Издаден25 април 2000
Снимен2000
Жанрсаундтрак
Траење61:31
Издавачка куќаDecca
ПродуцентКлаус Баделт, Ридли Скот, Ханс Цимер
 Професионални оценки
Прегледни резултати
Извор Оценка
Allmusic 4/5 ѕвездички[1]
Film Score Reviews 4.5/5 ѕвездички
Filmtracks 3/5 ѕвездички
SoundtrackNet 4/5 ѕвездички

Гладијатор (англиски: Gladiator) — албум издаден за истоимениот филм од страна на Ханс Цимер. Саундтракот бил објавен на 25 април 2000 година. Лиза Џерард се појавила како вокалист во неколку песни.

Албумот победил на фестивалот Златен глобус за најдобра оригинална музика, додека бил номиниран за Оскар за најдобра оригинална музика и Филмска награда на БАФТА.

Список на песни[уреди | уреди извор]

  1. "Progeny" – 2:13
  2. "The Wheat"– 1:03
  3. "The Battle"– 10:02
  4. "Earth"– 3:01
  5. "Sorrow"– 1:26
  6. "To Zucchabar"– 3:16
  7. "Patricide"– 4:08
  8. "The Emperor Is Dead"– 1:21
  9. "The Might of Rome"– 5:18
  10. "Strength and Honor"– 2:09
  11. "Reunion"– 1:14
  12. "Slaves to Rome"– 1:00
  13. "Barbarian Horde"– 10:33
  14. "Am I Not Merciful?"– 6:33
  15. "Elysium"– 2:41
  16. "Honor Him"– 1:19
  17. "Now We Are Free"– 4:14

Успех[уреди | уреди извор]

Саундтракот за филмот од страна на критичарите (како популарните интернет сајтови Filmtracks, Moviewave и Scorereviews) добил позитивни оценки, како и од страна на феновите (370 Amazon.com со рејтинг од 4,5). Филмот дури ја пристигнал и популарноста на саундтракот од Џемјс Хорнер за филмот Титаник.

Дополнителна музика[уреди | уреди извор]

„Gladiator: More Music From the Motion Picture“
саундтрак од Ханс Цимер и Лиза Џерард
Издаден27 февруари 2001
Снимен2000
Жанрсаундтрак
Траење57:58
Издавачка куќаDecca Records
ПродуцентАлан Мајерсон, Ридли Скот, Ханс Цимер
 Професионални оценки
Прегледни резултати
Извор Оценка
AllMusic 2.5/5 ѕвездички[2]
SoundtrackNet 4/5 ѕвездички
Tracksounds 4.5/5 ѕвездички

На 27 февруари 2001 година, скоро една година по издавањето на првиот саундтрак, Decca Records го објавил Gladiator: More Music From the Motion Picture. Овој албум содржи дополнителни 18 парчиња од филмот (вклучувајќи ремикс на Now We Are Free). Многу песни, исто така, кои се користиле во дијалогот од филмот исто така се нашле на албумот.

Список на песни[уреди | уреди извор]

  1. "Duduk of the North" - 5:33 (Џиван Гаспаријан)
  2. "Now We Are Free (Juba's mix)" - 4:47
  3. "The Protector of Rome" - 1:25
  4. "Homecoming" - 3:35
  5. "The General Who Became a Slave" - 3:03
  6. "The Slave Who Became a Gladiator" - 6:11
  7. "Secrets" - 1:59
  8. "Rome Is the Light" - 2:43
  9. "All That Remains" - 0:54
  10. "Maximus" - 1:09 (гитара Хитор Переира)
  11. "Marrakesh Marketplace" - 0:42
  12. "The Gladiator Waltz" - 8:25
  13. "Figurines" - 1:01 (Лиза Џерард)
  14. "The Mob" - 2:22
  15. "Busy Little Bee" - 3:47
  16. "Death Smiles at Us All" - 2:29
  17. "Not Yet" - 1:32
  18. "Now We Are Free (Maximus mix)" - 6:21

Влијание[уреди | уреди извор]

Музиката од филмот доживеала големо влијание кај неколку композитори, кои ги вклучиле во своите композиции елементните стилови на Џиван Гаспаријан и женскиот вокал. Хари Грегсон-Вилијамс голем дел од својот албум за филмот на Ридли Скот, Небесно Царство како инспирација го имал од албумот на Гладијатор.

Во јуни 2006 година, агенти претставници на композиторот Густав Холст (1874-1934) поднеле тужба против Цимер, тврдејќи дека музиката е плагијат, или најточно композицијата „The Battle“ и „Barbarian Horde“ биле плагијат на „Mars, the Bringer of War[3]. Филмските критичари исто така истакнале дека биле користени делови од операта Зигфрид на Рихард Вагнер, во „The Might of Rome“ и „Am I Not Merciful?“[4]

Во 2003 година, Лучано Павароти, ја издал песната „Il gladiatore“ од неговиот албум Ti Adoro[5]. Исто така верзија на оваа композиција била изведена од страна на Андреа Бочели во финалето на Лигата на шампиони во Рим, каде Барселона го победи Манчестер Јунајтед.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Награди
Претходник
The Legend of 1900
Златен глобус за најдобра оригинална музика
2000
Наследник
Moulin Rouge!