Глаголски прирок

Од Википедија — слободната енциклопедија

Глаголскиот прирок содржи глагол во лична форма. Тој може да биде прост и сложен.

А) Прост глаголски прирок

а) Прост глаголски прирок е кога прирокот е претставен преку глагол кој е во сегашно време, минато определено несвршено, минато определено свршено време и кај заповедниот начин. Во овие случаи глаголот со наставките го претставуваат лицето, бројот и времето и нема дополнителни зборови (затоа се прости).

На пр.: Томе чита. (сегашно време)

Томе читаше. (минато определено несвршено време)

Томе прочита. (минато определено свршено време

) Томе читај! (заповеден начин)

б) Прост глаголски прирок претставен со сложена глаголска форма имаме кога глаголот е во: минато неопределено време (свршено и несвршено), предминато време, идно време, минато-идно, идно прекажано, можен начин и со конструкциите со има и нема

. На пр.: Ти си читал. (минато неопределено несвршено време

Ти си прочитал. (минато неопределено свршено време)

Ти беше читал. (предминато време) Ти ќе читаш. (идно време)

Ти ќе беше читал. (минато-идно)

Ти ќе беше прочитал. (идно прекажано)

Ти би читал/прочитал. (можен начин)

Ти имаш/немаш читано. (со има/нема)

Во овие примери прирокот е прост – ја содржи само глаголската форма, но самата глаголска форма е сложена која освен глаголот содржи помошен глагол сум/си/е; честичка ќе или би, и помошен глагол има/нема.

Б) Сложен глаголски прирок Сложениот глаголски прирок е составен од два глагола, од кои втроиот се јавува во да-конструкција

. Носител на значењето е глаголот во да-конструкцијата, а првиот глагол е воведен. Се разликуваат три групи воведувачки глаголи:

1. Фазни глаголи – оние што именуваат фаза, етапа од дејствието – почетна, продолжителна, завршна. Како на пр. глаголите: почна, започна, фати, зафати, продолжи, престана

. На пр.: Тогаш Диме фати да зборува за случките од детството

. 2. Модални глаголи – може, мора, смее, сака – кои се јавуваат во сите лица; и глаголот – треба, кој е безличен и се јавува само во трето лице еднина (и во сите времиња)

. На пр.: Денес морам да учам.

Тој сакаше да знае.

Вие треба да ја знаете нашата историја.

3. Глаголите – успее, успева, настојува, се обидува, се труди, се мачи.[1]

На пр.: Успеав да ја научам чекцијата

. Кај сложениот глаголски прирок воведувачките глаголи (освен треба), покажуваат лице, број и време, а глаголот во да-конструкцијата покажува лице и број, но не и време. Тој се јавува во сегашно време.

Сакам, сакав, сум сакала, бев сакала, би сакала – да спијам.

Треба, требаше, ќе треба, требало, би требало – да спијам.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Билјана (2010-12-02). „Прирок (глаголски; глаголско-именски)“. Македонски јазик и литература. Посетено на 2019-09-11.