Главна судетска патека

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Обележување на патеката

Главна судетска патека „Мјечислав Орлович“ (полски: Główny Szlak Sudecki imienia Mieczysława Orłowicza или GSS) — пешачко-планинарска патека обележана со црвена боја која поминува од Швјерадув-Здруј до Прудњик низ најинтересните делови на Судетите.

Историја[уреди | уреди извор]

Идејата за патеката се појавила на средба на Судетската комисија на Полското татренско друштво којашто се одржала на 24 октомври 1947 година. Една година подоцна се започнати работите на обележувањето на патеката. По повод стогодишнината од туризмот во Полска во 1873 година, Комисијата за планинарство на Главното управување на ПТТК ја именувала Главната Судетска патека по Мјечислав Орлович како признание за неговите заслуги за туризмот и знаење на земјата.

Рута[уреди | уреди извор]

Главната Судетска патека на карта за планините

Со текот на годините рутата на патеката се менувала. Во моментов започнува во Швјерадув-Здруј, минува низ Изерските планини (Висока Копа, 1126 м; Високи Камењ, 1058 м) до Шкљарска Поремба, потоа низ Крконоше (Водопадот Камјењчик, Вјелки Шишак – 1509 м, Преминот под Сњежка – 1389 м) до Карпач; следните етапи се планините Рудави Јановицки (Скалник, 945 м) до Кжешув, Камените и Црните планини до Једлина-Здруј, Совите планини (Вјелка Сова, 1015 м), Сребрен преминот двоејќи ги од Барѕките плалини. Понатаму, низ Вамбјежице, патеката води во Столовите планини (“планините со форма на маса”)

Масните планини и до судетските одморалишта: Кудова-Здруј, Душники-Здруј; понатаму: Орлицките и Бистжицките планини, водопад Вилчки, Масив от на Сњежник, планините Кровјарки, Лондек-Здруј, Златните Планини до Пачкув (каде со години завршува на железничката станица) и понатаму низ Калкув, Глухолази, Опавските планини до Прудњик[1]

Патеката одбегнува некои важни судетски точки, вклучувајќи врвови: Сњежка и Сњежник.

Должина на патеката е околу 440 километри, а времето на поминување – 104 часа [2].

  • Гореспомените називи се превод од полскиот јазик. Подолу се оригиналните верзии од некои од нив: Изерски планини – пол. Góry Izerskie, чеш. Jizerské hory, Крконоше – пол. Karkonosze, чеш. Krkonoše, Преминот под Сњежка – Przełęcz pod Śnieżką, Рудави Јановицки – Rudawy Janowickie, Камени планини – пол. Góry Kamienne, чеш. Meziměstská vrchovina, Црни планини – Góry Czarne, Сови планини – Góry Sowie, Сребрен премин – Przełęcz Srebrna, Барѕки планини – Góry Bardzkie, Столови планини – пол. Góry Stołowe, чеш. Stolové hory, Орлицки планини – пол. Góry Orlickie, чеш. Orlické hory, Бистжицки планини – пол. Góry Bystrzyckie, чеш. Bystřické hory, Масив на Сњежник – пол. Masyw Śnieżnika, чеш. Králický Sněžník, Златни планини – пол. Góry Złote, чеш. Rychlebské hory, Опавски планини – пол. Góry Opawskie, чеш. Zlatohorská vrchovina

Планинарство[уреди | уреди извор]

Патеката е достапна преку целата година, иако некои од нејзините делови можат да бидат затворени во текот на зимата, поради можноста на лавини (Крконоше), како и опасните мочуришта (Столовите планини). Има многу планинарски домови, управувани од ПТТК (Полското туристичко друштво). Полските планинарски домови се должни да сместат секое лице кое не е во можност да се најде друго место, пред зајдисонце или во итни случаи, иако во примитивни услови.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Планинарски домови[уреди | уреди извор]

  • Планинарски дом ПТТК на Стог Изерски (Schronisko PTTK Na Stogu Izerskiм)
  • Планинарски дом Високиот Камен (Schronisko Wysoki Kamień)
  • Планинарски дом „Камјењчик“ (Schronisko „Kamieńczyk”)
  • Планинарски дом ПТТК на Хала Шреницка (Schronisko PTTK Na Hali Szrenickiej)
  • Планинарски дом Шреница (Schronisko Szrenica)
  • Планинарски дом ПТТК „Под Лабскиот врв“ (Schronisko PTTK „Pod Łabskim Szczytem”)
  • Планинарски дом ПТТК „ Преродба “ (Schronisko PTTK „Odrodzenie”)
  • Планинарски дом „Шлески дом“ (Schronisko „Dom Śląski”)
  • Планинарски дом ПТТК „Самотња“ (Schronisko PTTK „Samotnia”)
  • Планинарски дом ПТТК „Стжеха Академицка“ (Schronisko PTTK „Strzecha Akademicka”)
  • Планинарски дом ПТТК „Над Ломничка“ (Schronisko PTTK „Nad Łomniczką”)
  • Планинарски дом ПТТК „Андџејувка“ (Schronisko PTTK „Andrzejówka”)
  • Планинарски дом ПТТК „Зигмунтувка“ (Schronisko PTTK „Zygmuntówka”)
  • Планинарски дом „Орел“ (Schronisko „Orzeł”)
  • Планинарски дом „Сова“ (Schronisko „Sowa”)
  • Планинарски дом ПТТК „Пастирка“ (Schronisko PTTK „Pasterka”)
  • Планинарски дом ПТТК „На Шчелињец“ (Schronisko PTTK „Na Szczelińcu”)
  • Планинарски дом ПТТК „Под Муфлонот“ (Schronisko PTTK „Pod Muflonem”)
  • Планинарски дом ПТТК „Орлица“ (Schronisko PTTK „Orlica”)
  • Планинарски дом ПТТК „Јагодна“ (Schronisko PTTK „Jagodna”)
  • Планинарски дом „На Иглична“ (Schronisko „Na Iglicznej”)
  • Планинарски дом ПТТК „На Сњежник“ (Schronisko PTTK „Na Śnieżniku”)
  • Планинарски дом ПТТК „Под Копа Бискупја “ (Schronisko PTTK „Pod Kopą Biskupią”)

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • З. Гарбачевски: Główny Szlak Sudecki im. Mieczysława Orłowicza, Варшава 1985
  • Р. Шевчик: Szlakiem sudeckim, Варшава 2010