Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 10:58, 8 јануари 2019; направена од Kiril Simeonovski (разговор | придонеси)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 101.093 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
Illustrerad Verldshistoria band I Ill 058.jpg

Кир Велики (576 или 590 – август 529 п.н.е.) — персиски цар од иранската династија Ахемениди, војсководец, законодавец и основоположник на персиското царство. За време на своето владеење го проширил царството на поголем дел од југозападна и централна Азија, од Египет и Босфор на запад до реката Инд на исток, и го создал првото и најголемо царство на стариот век. Во текот на своето владеење, кое траело три децении, Кир ги освоил некои од најголемите кралства на тоа време, како Лидија, Медија и Вавилон, и водел воени експедиции во Централна Азија, каде ги покорил сите народи. Но тој не отишол во поход против Египет, ниту против европска Грција, како што тоа го направиле неговите следбеници Камбиз II и Дариј I Велики. Според Херодот, Кир загинал во битката против Скитите, во летото 530 или 529 година п.н.е. Него го наследил синот Камбиз II, кој го освоил Египет во текот на своето релативно кратко владеење. Кир бил следбеник на зороастриската религија. Освен силното влијание врз персиската историја, Кир влијаел и врз јудаизмот, човековите права, политиката и воената стратегија и врз вкупната источна и западна цивилизација.

Слично на хероите од другите култури и основоположниците на големите царства, така и за Кир Велики постојат бројни легенди за неговото потекло и семејството. Според Херодот, Кир бил внук на медијскиот крал Астијаг и бил одгледан во скромно овчарско семејство. Според друга легенда, тој потекувал од сиромашно семејство и работел на медијскиот двор. Легендите се сосема контрадикторни на сопствените сведочења на Кир, според кој, тој го наследил престолот на својот татко, дедо и прадедо.

Името Кир е латинизиран, односно хеленизиран збор од староперсиското име Куруш. Античките историчари Ктезиј и Плутарх наведуваат дека Кир го добил своето име од зборот Курос, што значи „Сонце“ или „Сличен на сонце“, т.е. со персиската именка за сонце – Кхор, стои и суфиксот – ваш, што значи сличност. Модерните историчари, како Карл Хофман и Ридигер Шмит, во Енциклопедија Ираника, сметаат дека името Кир значи „вербален победник“. (Дознајте повеќе...)


Слика и снимка на денот
Evolution of a Tornado.jpg
Образување на торнадо во осум последователни слики споени во една. Сликано кај Минеола, Канзас, на 24 мај 2016 г.

Прекрасната Луканида, или војната на еленчињата и стрижибубите — руски куклен анимиран филм од 1912 г. — дело на Владислав Старевич.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Големината на ѕвездата UY Штит во однос на нашето Сонце
На денешен ден…

Денес е 19 јуни 2019 г.

Настани:

1819  Американскиот пароброд „Савана“ пристигнал на пристаништето во Ливерпул. Ова е првиот брод на водена пареа кој го поминал Атлантикот.
1862  Конгресот на САД донесол решение за укинување на ропството на својата територија.
1913  Започнало Тиквешкото востание — организиран масовен народен вооружен отпор против српската окупација на Македонија и посрбувањето.
2014  Филип VI бил крунисан за крал на Шпанија.

Родени:

551 п.н.е.  Конфучие — кинески филозоф.
1269  Елеонорагрофица од Бар.
1623  Блез Паскал — француски математичар, физичар, книжевник и филозоф.
1781  Џорџ Стивенсон — англиски инженер и пронаоѓач.
1834  Едгар Дега — француски сликар, графичар и вајар.
1896  Волис Симпсон — сопруга на кралот Едвард VIII.
1906  Ернст Борис Чејн — британски физиолог и биохемичар, добитник на Нобеловата награда за медицина во 1945 година.
1918  Илија Милчин — македонски глумец, режисер, лингвист и преведувач.
1937  Вилијам Пул — американски економист.
1947  Салман Ружди — британски писател со индиско потекло.
1948  Ник Дрејк — англиски музичар.
1958  Сергеј Макаров — руски и советски хокеар.
1962  Пола Абдул — американска поп-пејачка,
1966  Марјан Додовски — македонски политичар.
1967  Бјорн Дели — норвешки скијач.
1970  Владимир Пешевски — македонски политичар.
1975  Берт Грабш — германски велосипедист.
1978  Дирк Новицки — германски професионален кошаркар.
1987  Саша Модоло — италијански велосипедист.

Починале:

1500  Едмунд — војвода од Сомерсет.
1747  Алесандро Марчело — италијански благородник, поет, филозоф, математичар и композитор.
1820  Џозеф Бенкс — англиски ботаничар.
1867  Максимилијан I — австриски надвојвода и цар на Мексико.
1876  Михаил Бакунин — руски револуционер.
1946  Хенри Сајмонс — американски економист.
1949  Владимир Назор — хрватски писател.
1993  Вилијам Голдинг — англиски писател, добитник на Нобеловата награда за литература.
1997  Георги Арсовски — македонски поет.
2012  Тале Огненовски — мекодонски музичар и компизитор.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — Централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — Проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект - освен на македонски, Википедија е достапна и на 285 други јазици.
Збратимени проекти

Википедија е проект на фондацијата Викимедија — непрофитна организација, која опфаќа и други проекти:

Commons-logo.svg
Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Wikinews-logo-51px.png
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Wiktionary-logo-51px.gif
Викиречник
Речник и лексикон
Wikiquote-logo-51px.png
Викицитат
Збирка на цитати
Wikibooks-logo-35px.png
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Wikisource-logo.png
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Wikispecies-logo-35px.png
Викивидови
Именик на видови
Wikiversity-logo-41px.png
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Wikimedia-logo-35px.png
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Wikidata-logo.svg
Википодатоци
База на слободни знаења
Wikivoyage-logo.svg
Википатување
Отворен туристички водич