Прејди на содржината

Главна бескидска патека

Од Википедија — слободната енциклопедија
Главна бескидска патека „Кажимјеж Сосновски“
Ознака на патеката
Должина496 км
МестоположбаБескиди, Полска
ПоаѓалиштеУстроњ 49°43′00″N 18°49′00″E / 49.716667°N 18.816667°E / 49.716667; 18.816667
Волосате 49°04′02″N 22°40′47″E / 49.067222°N 22.679722°E / 49.067222; 22.679722
Наменапланинарење
Надморска височина
Највисока точка1.725 м м
Најниска точкам
Поединости
Год. времецела година

Главна бескидска патека „Кажимјеж Сосновски“ (полски: Główny Szlak Beskidzki imienia Kazimierza Sosnowskiego или GSB) — планинарска патека означена со црвена боја која поминува од Устроњ во Шлеските Бескиди до Волосате во Бјешчадите.

Најдолга патека во полските планини, има околу 496 км[1] должина, поминува низ Шлескиот Бескид, Живјечкиот Бескид, Горце, Сондецкиот Бескид, Нискиот Бескид и Бјешчади. Поминувајќи низ највисоки делови на полските Бескиди овозможува искачување на: Стожек Вјелки (чеш. Велки Стожек), Барања Гура, Бабја Гура, Полица, Турбач, Лубањ, Прехиба, Раѓејова, Јавожина Криницка, Ротонда, Цергова, Хришчата, Смерек и Халич како и во населби како: Устроњ, Венгјерска Гурка, Јорданув, Рабка-Здруј, Крошченко над Дунајцем, Ритро, Крињица-Здруј, Ивонич-Здруј, Риманув-Здруј, Комањча, Цисна, Устжики Гурне итн.

Главната бескидска патека била трасирана во меѓувоениот период. Трасата на западен дел (Устроњ-Крињица) била проектирана од Кажимјеж Сосновски и совршена во 1929 г. Источен дел, согласно проект на Мјечислав Орлович, бил совршен во 1935 г. и е водел дури до Чорногора, којато се наоѓала во границите на Полска. Меѓу 1935 и 1939 г. била именувана по Јузеф Пилсудски.[2].

Во моментов најкратко време на совладување на целата патека припаѓа на Маќеј Вјенцек (inov-8 team PL) и изнесува 114 часови и 50 минути. Овој подвиг успее да направи во деновите 20 - 24 јуни 2013 г.[3]. Порано скоро 7 години овој рекорд е припаѓал на Пјотр Клосович за којто во септември 2006 совладувањето на целата патека траеше 168 часови [4]. Обата натпреварувачи совладуваат ГСБ од исток до запад, но Пјотр Клосович направи тоа без поддржувачка екипа, додека Маќеј Вјенцек со поддршка.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Główny Szlak Beskidzki, wyd. Compass 2011, ISBN 978-83-7605-191-8
  2. „PTTK Dąbrowa Górnicza“. Архивирано од изворникот на 2015-02-23. Посетено на 2015-03-03.
  3. http://www.magazynbieganie.pl/glowny-szlak-beskidzi-pokonany-w-114-godzin-i-50-minut
  4. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 2015-03-03.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]