Гијом де Лопитал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гијом де Лопитал
Guillaume de l'Hôpital
Роден(а)1661
Париз, Франција
Починал(а)2 февруари 1704
Париз, Франција
Националностфранцуска
Полињаматематичар
УстановиФранцуска академија на науките
МенториЈохан Бернули
Познат по

Гијом Франсоа Антоан, маркиз де Лопитал (француски: Guillaume François Antoine, Marquis de l'Hôpital; ( 1661, ПаризПариз, 2 февруари 1704) – француски математичар. Ја изучувал инфинитезимална анализа и објавил книга за диференцијално сметање. Најпознат е по Лопиталовото правило кое се применува во математиката.

Животопис[уреди | уреди извор]

Роден е во Париз, Франција. Првобитно планирал војничка кариера, но заради лошиот вид се преориентирал на математика. Го решил брахистронскиот проблем, независно од останатите негови современици математичари, како што е Исак Њутн. Умрел во Париз.[1]

Автор е на првата книга за диференцијално сметање, l'Analyse des Infiniment Petits pour l'Intelligence des Lignes Courbes. Текстот бил објавен во 1696 година и ги содржел предавањата на неговиот учител Јохан Бернули во кои Бернули дискутирал за неодредениот облик 0/0. Методот кој ги решава таквите неодредени облици со последователно диференцирање го носи Липиталовото име.

Во 1694 година, Лопитал склучил договор со Јохан Бернули со кој Лопитал на Бернули му плаќал 300 франци годишно за Бернули да му раскажува за неговите откритија, што Лопитал го опишал во својата книга. Во 1704 година, после смртта на Лопитал, Бернули на јавноста ѝ го открил договорот, тврдејќи дека многу резултати во книгата на Лопитал се таму заради него. Во 1922 година се откриени текстови кои ги поткрепуваат Бернулиевите тврдења. Раширената приказна за тоа дека Лопитал се обидел себеси да си го припише откритието на Лопиталовото правило не е точна. Својата книга ја објавил анонимно, во воведот ја навел помошта од Бернули и никогаш не тврдел дека е заслужен за тоа правило.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Mets Viewer“. atena.beic.it. Посетено на 2019-01-20.
  2. Truesdell, C. (March 1958). „The New Bernoulli Edition“. Isis. 49.