Гијом Бигурдан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Камиј Гијом Бигурдан
Camille Guillaume Bigourdan
GBigourdan.jpg
Роден6 април 1851(1851-04-06)
Систел
Починал28 февруари 1932(1932-02-28) (воз. 80 г.)
Париз
НационалностФранцузин
Полињаастрономија

Камиј Гијом Бигурдан (француски: Camille Guillaume Bigourdan; 6 април 185128 февруари 1932) — француски астроном.

Роден е во Систел, Тарн и Гарона во семејството на Пјер Бигурдан и Жана Кариер.[1] Во 1877 г. е назначен од Феликс Тисеран како помошик-астроном на Тулуската опсерваторија, а во 1879 г. се вработил во Париската опсерваторија кога Тисеран станал нејзин директор.

Долги години бил посветен на проверката во положбата на 6380 маглини. Сакал да постави основи во идното изучување на сопственото движење на маглините, но се испоставило дека ова е бесцелно, бидејќи маглините не покажуваат сопствено движење. Сепак, Бигурдан притоа открил 500 нови објекти.

Во 1902 г. учествувал во потфатот за уточнување на надолжната разлика меѓу Лондон и Париз. Во 1903 г. стапил во Бирото за должини, а во 1904 г. станал член на Француската академија на науките.

Утврдил метод за нагодување на екваторскиот држач на телескопите, денес наречен Бигурданов метод.

Ја освоил Лаландовата награда на Француската академија на науките (двапати, 1883 и 1891 г.), Валзовата награда на истата установа во 1886 г.,[2] и Златниот медал на Кралското астрономско друштво во 1919 г. Директорувал во Меѓународното часовно биро од 1919 до 1928 г. Во 1919 г. ја добил наградата „Жил Жансен“ — највисокото одликување на Астрономското друштво на Франција.

Се оженил со ќерката на астрономот Амедеј Муше (1821-1892).

Поврзано[уреди | уреди извор]

  • 390 Алма — астероид откриен од Бигурдан во 1894 г.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Hockey, Thomas (2009). The Biographical Encyclopedia of Astronomers. Springer Publishing. ISBN 978-0-387-31022-0. http://www.springerreference.com/docs/html/chapterdbid/58158.html. посет. 22 август 2012 г. 
  2. Thierry Thomasset. „Camille Guillaume Bigourdan (1851 - 1932)“ (PDF). Université de Technologie de Compiègne. стр. 2. 

Литература[уреди | уреди извор]

  • Levy, Jacques R.. (1970–80). „Bigourdan, Camille Guillaume“. Dictionary of Scientific Biography 2: 126-127. New York: Charles Scribner's Sons.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]