Гиневра

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Гиневра
Guinevere
Британски циклус лик од
Queen Guinevere by James Archer.jpg
Гиневра го гледа смртно ранетиот Артур како испловува кон Авалон во Кралицата Гиневра од Џејмс Арчер (околу 1860)
Информации
Звањепринцеза, кралица
ЗанимањеКралица на Британија, водачка на манастир
СемејствоРазни, вклучувајќи ги Лиодегренс (татко) и Гиневак (сестра)
СопружникАртур, понекогаш Мордред
Во врска соМордред, Едерн ап Нуд, или Ланселот; понекогаш и други
Децавообичаено нема
Религијахристијанска

Кралица Гиневра (англиски: Guinevere, велшки: Gwenhwyfar) — легендарна кралица на Камелот и сопруга на кралот Артур, која се споменува во средновековните велшки хроники, како и во англиските и француските епски песни за кралот Артур и витезите на тркалезната маса, кои го сочинуваат британскиот циклус (англиски: Matter of Britain) во англиската и француската средновековна литература.[1][2]

Легенда[уреди | уреди извор]

Легендата за Артур и Гиневра првпат се споменува во Историја на британските кралеви (латински: Historia Regum Britanniae) на велшкиот монах Џефри од Монмут (1095-1155), а се разликува во детали во зависност од изворот. Во основа, Гиневра се мажи за кралот Артур од должност, кого го почитува како херој и господар, но бракот останува без деца. Гиневра ја грабнуваат непријателите на кралот и ја спасува најдобриот витез и пријател на Артур, Ланселот. Ослободената кралица се вљубува во Ланселот, кој по долго двоумење помеѓу должноста кон кралот, витешкиот дел и неговите чувства, станува нејзин таен љубовник. Поткажани од непријателите на кралот, љубовниците биле фатени на дело и осудени на смрт, но Артур ги помилувал и двајцата: Ланселот бил протеран, а Гиневра затворена во манастир. Загубата на неговата сопруга и најдобар пријател тешко го погодува Артур, што неговите непријатели го користат за да започнат војна, која завршува со смртта на Артур и падот на Британија.[1][2]

Популарност[уреди | уреди извор]

Легендата за кралот Артур и Гиневра бил многу популарен мотив во поезијата и литературата, од француските витешки романси од 12 и 13 век, преку Томас Малори и неговиот роман Смртта на Артур (француски: Le Morte d'Arthur), до современите историски романи на Бернард Корнвел (англиски: The Warlord Chronicles, 1995-1997). Оваа тема е екранизирана многу пати, а кралицата Гиневра ја играле:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Coghlan, Ronan (1992). The encyclopaedia of Arthurian legends. Internet Archive. Shaftesbury, Dorset ; Rockport, Mass. : Element Books. ISBN 978-1-85230-199-6.
  2. 2,0 2,1 Hopkins, Andrea (2004). The book of Guinevere : legendary Queen of Camelot. Internet Archive. Glasgow : Saraband. ISBN 978-1-887354-04-2.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]