Гимназија „Панче Попоски“ - Гостивар

Од Википедија — слободната енциклопедија

СОУ „Гостивар“

Училиштето во 2022 година
Училиштето во 2022 година
Место
Општина: Гостивар
Место: Гостивар
Адреса: ул. „Ристо Оџаклиески“ б.б.
Основни информации
Настава на: македонски, турски и албански
Контактни информации
тел. 042 272 052[1]

СОУ „Гостивар“гимназиско средно училиште во Гостивар, Општина Гостивар. До 2006 година, училиштето го носело називот „Панче Попоски“.

Историја[уреди | уреди извор]

Основање[уреди | уреди извор]

Името на училиштето било во чест на Панче Попоски (1924-1944) кој бил македонски комунист, учесник во НОВ, народен херој. Гимназијата „Панче Попоски“ е основана со одлука на Собранието на Општина Гостивар во 1960 година и започнало со работа од учебната 1960/61 со две паралелки, на македонски и албански јазик, со по 35 ученици. Првата генерација на матуранти била од учебната 1963/64 година.[2]

2000-ти[уреди | уреди извор]

До учебната 2004/2005, во гимназијата „Панче Попоски“ биле реализирани исклучиво Наставниот план и програмите за средно гимназиско образование. Врз основа на донесената одлука од страна на Министерството за образование и наукa (04 ноември 2004 година), во рамките на гимназијата „Панче Попоски“, од учебната 2004/2005 биле реализираат и Наставните планови и програмите за одредени образовни профили од средното стручно медицинско училиште.[2]

Со одлука на Управниот одбор на училиштето од 8 март 2006 година, гимназијата „Панче Попоски“ била преименувана во СОУ „Гостивар“.[2]

Во тој период, во рамките на гимназиското образование биле реализирани наставните планови и програми за реформирано гимназиско образование, односно за природно-математичко и општествено-хуманистичко подрачје. Во рамките на стручното медицинско образование се реализираат наставниот план и програмите за здравствена струка – медицинска сестра-техничар.[2]

Во учебната 2006/07, бројот на ученици бил 2,862. Тие биле распоредени во вкупно 82 паралелки, од кои 59 гимназиски паралелки и 23 медицински паралелки (7 од гимназиските паралелки биле во Неготино, додека 7 во Ростуше).[2]


Галерија[уреди | уреди извор]


Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Средни училишта“. Гостивар: Општина Гостивар. Посетено на 23 август 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „За гимназијата“. Гостивар: СОУ „Панче Попоски“. 5 јуни 2007. Архивирано од изворникот на 30 септември 2007. Посетено на 23 август 2022.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]