Гимназија „Кочо Рацин“ - Велес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Гимназија „Кочо Рацин“
Место
Општина: Велес
Место: Велес
Адреса: ул.Благој Ѓорев 40, Велес
Основни информации
Основање: 1857
Директор: Гоце Алексоски
Настава на: македонски и албански
Контакт информации
Портал http://gimkocoracin.edu.mk/

Гимназијата „Кочо Рацин“ се наоѓа во Велес, општина - Велес.

Создавање и развој[уреди | уреди извор]

Гимназијата била основана во школската година 1857/58 и било прво словенско училиште што давало повисоко образование од основното. Истата година било основано друго гимназиско (класно) училиште. Во седумдесеттите години ова класно училиште прераснало во IV-класно по што дошло до соединување на двете училишни настојателства во едно. Периодот на поранешна Југославија бил период на прогресивни идеи и борба против ненародниот режим, па поради комунистичка активност, голем број ученици биле сослушувани од полициските власти, а Лазо Богданов и Ганчо Хаџипанзов биле исклучени од гимназијата.

Настава на македонски јазик[уреди | уреди извор]

На 1 февруари 1945 во просториите на тогашната гимназија се собрале голем број родители и ученици и со скромна приредба го одбележале отпочнувањето на наставата во Гимназијата, за прв пат на македонски јазик. Бил назначен директор и единаесет професори, а од истата година Гимназијата го носи името „Кочо Рацин”.

Штрајк од 1942[уреди | уреди извор]

На 14 март 1942 учениците од велешката гимназија организирале тридневен штрајк, на кој му се придружиле и голем број работници кои енергично протестирале против одлуката на училишните власти за исклучување на учениците скоевци.

Бојкот во 2015[уреди | уреди извор]

Славењето на 73 години од штрајкот на велешките гимназијалци прерасна со бојкот на настава.

Измените во реформираното средно гимназиско образование од страна на Владата на Р. Македонија и Mинистерството за образование и наука (МОН) предизвика револт кај учениците во гиманзијата. Тие добија поддршка од Средношколски пленум-Велес и почнаа со бојкот на наставата.

Бојкотот беше згаснат за само еден ден од страна на директорот на гимназијата.

Освоени награди[уреди | уреди извор]

Во изминатите шеесетина години работење учениците и наставниците, како и гимназијата како институција имаат добиено голем број признанија, пофалби и награди. Повеќе од дваесет наставници се одликувани, осум се добитници на Златната плакета од СИЗ за образование, пет се добитници на Ноемвриското признание од Општина Велес, двајца особено истакнати педагошки работници и уште многу други награди и признанија. Гимназијата како институција ја освоила Деветтоноемвриската награда на Собранието на Општина Велес во 1974, и Климентовата награда добиена во 1977.

Познати личности кои учеле во ова училиште[уреди | уреди извор]

Познати личности кои предавале во ова училиште[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]