Гејб Њуел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Гејб Логан Њуел (англиски: Gabe Logan Newell), често наречен Гејбен, — американски е соосновач и генерален директор на компанијата за видео игри и компанија за дигитална дистрибуција Валв (Valve).

Работа[уреди | уреди извор]

Откако го напуштил Универзитетот Харвард,[1] Њуел поминал тринаесет години работејќи за Мајкрософт на развивање на Windows верзиите 1.01, 1.02, и 1.03,за на крајот да стане „Мајкроспфт Милионер". Њуел се опишал себеси како „производител на првите три изданија на Windows“.[2] Инспириран од Мајкл Абраш, кој го напуштил Мајкрософт за да работи за играта Квејк (Quake), Њуел и Мајкл Харингтон го напуштиле Мајкрософт и го основале Валв во 1996 година.[2]

Во март 2013 година, Њуел ја примил наградата БАФТА (BAFTA Fellowship) за неговите извонредни и исклучително креативни придонеси за видео игри.[3]

Личен живот[уреди | уреди извор]

Гејб Логан Њуел е роден на 3 ноември, 1962 година во Сиетл, Вашингтон.[4] Њуел израснал во Дејвис, Калифорнија и дипломирал во Средното училиште Дејвис во 1980 година. Тој студирал на Универзитетот Харвард, од 1980 до 1983 година, но на крајот го напуштил. Тој се оженил со Лиза Менет Њуел во 1996 година.[5][6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Barret, Victoria (December 12, 2005). „It's A Mod, Mod Underworld“. Forbes. конс. February 2, 2016. 
  2. 2,0 2,1 CVG Staff (September 28, 2007). „Creative Minds: Gabe Newell“. Computer and Video Games. Future plc. Архивирано од изворникот на December 11, 2014. конс. February 9, 2016. 
  3. „Valve’s Gabe Newell to be Honoured with BAFTA Fellowship“. February 25, 2013. конс. February 9, 2016. 
  4. Purchese, Robert (November 15, 2012). „Gabe Newell named as next AIAS Hall of Famer“. Gamer Network. конс. February 9, 2016. 
  5. Staff (November 30, 2004). „Valve wins round one in Half-Life distribution debacle“. конс. February 9, 2016.  More than one of |author= и |last= specified (помош); More than one of |author= и |last= specified (помош)
  6. „Valve Handbook for New Employees“ (PDF). Valve Corporation. стр. 19. конс. September 1, 2013. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]