Гестланд
| Гестланд
Geestland | |
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Долна Саксонија |
| Округ | Куксхафен |
| Градски единици | 16 |
| Градоначалник | Торстен Кригер (СДП) |
| Основни податоци | |
| Површина | 356,20 км2 |
| Надм. височина | 10 м |
| Население | 31.507 (31 декември 2022)[1] |
| - Густина | 88 жит/км2 |
| Други информации | |
| Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | CUX |
| Пошт. бр. | 27607, 27624 |
| Повик. бр. | 04704, 04707, 04708, 0471, 04742, 04743, 04745, 04756, 04765 |
| Портал | www.geestland.eu |
| Местоположба на градот Гестланд во рамките на округот Куксхафен | |
| Координати | 53°38′0″N 8°45′0″E / 53.63333°N 8.75000°E |
Гестланд (германски: Geestland; долногермански: Geestland) — новосоздаден град во округот Куксхафен, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Градот бил основан на 1 јануари 2015 година со спојување на градот Ланген и општините од поранешната општинска заедница Бедеркеза.
Гестланд, по градот Куксхафен, е втор најнаселен во самиот округ. На списокот на најголеми општини по површина во Германија, Гестланд се наоѓа на 10. место. Името му доаѓа од земјишниот облик „гест“.
Географија
[уреди | уреди извор]Местоположба
[уреди | уреди извор]Градот Гестланд се граничи на северозапад со општината Вурстер Нордзекисте и со Везер при вливот во Северното Море, на север со општинската заедница Ланд Хаделн, на североисток со општинската заедница Берде Ламштет, на исток со округот Ротенбург и на југ со градот Бремерхафен, како и со општините Беверштет и Шифдорф. На југ, градот се граничи со реката Гесте.
Градски единици
[уреди | уреди извор]Градот Гестланд се состои од 16 места, кои се составени од местата на поранешниот град Ланген и општините на поранешната општинска заедница Бедеркеза.
Политика
[уреди | уреди извор]Градски совет
[уреди | уреди извор]Градскиот совет се состои од 38 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 30.001 и 40.000 жители.[2] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.
На првите општински избори на 2 ноември 2014 година биле добиени следниве резултати:
Распределбата на местата:
Градоначалник
[уреди | уреди извор]На 2 ноември 2014 година, Торстен Кригер станал градоначалник.
Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Гестланд е збратимен со следниве градови:
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten Архивирано на 10 јуни 2020 г., abgerufen am 17. Dezember 2011.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Гестланд“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (германски)
| ||||||||
|

