Гестахт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Гестахт
Градското собрание на Гестахт
Градското собрание на Гестахт
Грб на Гестахт
Гестахт is located in Германија
Гестахт
Управа
Земја Германија
Покраина Шлезвиг-Холштајн
Округ Војводство Лауенбург
Градоначалник Фолкер Манов (независен)
Основни податоци
Површина 33,18 км2
Надм. височина 5 м
Население 30.453 (31 декември 2016)[1]
 - Густина 918 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. RZ
Пошт. бр. 21498–21502
Повик. бр. 04152
Портал www.geesthacht.de
Местоположбата на градот Гестахт во рамките на округот Војводство Лауенбург
Карта
Координати 53°26′N 10°22′E / 53.433° СГШ; 10.367° ИГД / 53.433; 10.367Координати: 53°26′N 10°22′E / 53.433° СГШ; 10.367° ИГД / 53.433; 10.367

Гестахт (германски: Geesthacht) — најголем град во округот Војводство Лауенбург, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се наоѓа на 34 километри југоисточно од Хамбург, на десниот брег на реката Елба. Градот претставува дел од метрополитенската област Хамбург.

Територијата на градот непосредно се граничи со хамбуршкиот кварт Алтенгаме, додека од Долна Саксонија е разделена преку Елба, а самиот град се наоѓа на тромеѓе помеѓу трите покраини (Шлезвиг-Холштајн, Хамбург и Долна Саксонија).

Историја[уреди | уреди извор]

  • Околу 800 година: Била спомената црква.
  • 1216: Прв документирано спомнување на населба како „Хахеде“ (Hachede), тогаш дел од Саксонија.
  • Промената на текот на Елба ја поделило населбата на две: Гестахт и Маршахт (денес во Долна Саксонија).
  • 1296: Гестахт станал дел од Војводството Саксо-Лауенбург, кое настанало по распаѓањето на Саксонија.
  • 1370: Војводата Ерик III го заложил Гестахт — како дел од Грофството Бергедорф — на Либек.
  • 1401: Војводата Ерик IV насилно ја преземал заложената земја.
  • 1420: Гестахт е отстапен како дел на кондоминиум („владеење на два субјекта на иста територија“) на Ханзините градови Хамбург и Либек со Мирот во Перлеберг.
  • 1811: Гестахт е освоен од Франција.
  • 1813: Повратен е кондоминиум.
  • 1865/66: Шведскиот хемичар Алфред Нобел основал фабрика за глицерол во Гестахт (на ридот Кримел) и го осмислил динамитот. Кримел станал првата фабрика за динамит во светот.
  • 1868: Либек го продал својот удел во кондоминиумот на Хамбург, а со тоа Гестахт станал дел од територијата на Хамбург.
  • 1906: Отворање на железничката линија Бергедорф-Гестахт.
  • 1918–1933: Гестахт е средиште на радикалните левичарски партии (USPD, KPD и SAPD) и го добил прекарот „Малата Москва“.
  • 1924: Добил градски права од Хамбург на 2 јануари.
  • 1928: Уништување на историското градско јадро со пожар.
  • 1937: Поради територијалната реорганизација на Хамбург (Закон за голем Хамбург), Гестахт е префрлен на пруската покраина Шлезвиг-Холштајн, каде станал дел од округот Војводство Лауенбург.
  • 1953: Прекин на патничкиот сообраќај на железничката линија Бергедорф-Гестахт.

Меѓународни односи[уреди | уреди извор]

Поврзано: Список на збратимени градови во Германија

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Гестахт е збратимен со следниве градови:

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]