Герхард Белингер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Герхард Белингер (германски: Gerhard J. Bellinger) (11 март 1931 во Бохум, Германија) е германски теолог, пензиониран професор по новозаветна теологија, историја на христијанството и историја на религиите и црквите. Предавал на техничкиот универзитет во Дортмунд.

Студии и професионално усовршување[уреди]

Белингер е роден во 1931 година, во Бохум, Германија. Во 1952 г. дипломирал на Јозефинум колегиумот во Бон. За да добие степен по католичка теологија, Белингер ги продолжил студиите започнати од 1961 година на универзитетот во Минстер. Таму слушал предавања од Јозеф Рацингер / актуелниот папа Бенедикт XVI. Во 1966 година станал доктор по теологија, а во 1967 бил номиниран за научен соработник на педагошкиот универзитет во Минстер.

Во 1970, Белингер бил назначен за редовен професор по католичка теологија и дидактика ма педагошкиот универзитет, Хаген, а во 1976, се префрлил на педагошкиот универзитет во Дортмунд. Од 1977 до 1979, Белингер бил декан на факултетопт за католичка и протестантска теологија. Од 1980, на техничкиот универзитет во Дортмунд, предава католичка теологија и дидактика со нагласок на теологија на Новиот Завет и историја на христијанството како и историја на религиите.

Поучување и истражувања[уреди]

Теологијата на Новиот Завет претставува клучен дел во неговите предавања и семинари. Еден од неговите најзначајни трудови во оваа област е книгата "Исус: живот – дела – судбина" (2009), која претставува резиме на неговите предавања за теологијата на Новиот Завет.

При проучувањето на историјата на религиите, доста ги истражувал религиите на човештвото и митовите кај народите. Како резултат на овие негови истражувања е "Голем лексикон на религиите. 670 религии, цркви и култови." (1986) кој досега е преведен на пет јазици: италјански (1989), унгарски (1993), полски (1999), француски (2000) и српски (2004).

Истотака, неговата "Голема енциклопдија по митологија. 3100 ставки за митовите кај луѓето" (1989) е печатена и преведена на пет јазици: дански (1993), словенечки (1997), полски (2003), кинески (2006) и бугарски (2008).

Придонес за сексуалната етика во религиите е неговото сеопфатно дело "Човековата сексуалност во светските религии" (1993), коешто е преведено на чешки (1998).

Понатаму, напишал над 800 референтни членоци за општи референтни книги и специјализирани енциклопедии како и бројни есеи во специјализирани научни компилации, прирачници и часописи.

Публикации[уреди]

  • Der Catechismus Romanus und die Reformation. Die katechetische Antwort des Trienter Konzils auf die Haupt-Katechismen der Reformatoren. Paderborn 1970. – Репринт 1987. ISBN 3-487-07849-XnullBibliographie des Catechismus Romanus Ex Decreto Concilii Tridentini ad Parochos (1566–1978). Baden-Baden 1983. ISBN 3-87320-087-2.
  • Knaurs Großer Bibelführer. München (1985) 1999. ISBN 3-426-66417-8.
  • Knaurs Großer Religionsführer. 670 Religionen, Kirchen und Kulte. München (1986) 1992. ISBN 3-426-26221-5
  • Knaurs Lexikon der Mythologie. 3100 Stichwörter zu den Mythen aller Völker München (1989) 1999. ISBN 3-426-66415-2
  • Im Himmel wie auf Erden. Sexualität in den Religionen der Welt. München 1993. ISBN 3-426-26502-8
  • Der erste Cathecismo von 1504 und sein Verfasser Diogo Ortiz des Vilhegas. Во: Communio et sacramentum. Pamplona 2003. ISBN 84-8081-011-4, S. 201–219.
  • Шаблон:BBKL
  • Jesus: Leben – Wirken – Schicksal. Norderstedt 2009. ISBN 978-3-8370-3964-1.

Литература[уреди]

  • Hermann Horn (Hrsg.): Didaskalos. Studien zum Lehramt in Universität, Schule und Religion. Festschrift für Gerhard J. Bellinger zum 65. Geburtstag. Dortmund 1996. ISBN 3-928861-52-2.
  • Kürschners Deutscher Gelehrten-Kalender 2005. Bio-bibliographisches Verzeichnis deutschsprachiger Wissenschaftler der Gegenwart. 20. Ausgabe. Saur, München 2005. ISBN 3-598-23612-3.

Надворешни врски[уреди]

  • Трудови од или за Герхард Белингер во бибиотеките (WorldCat catalog) [1]