Германско-чешка граница

Германско-чешка граница — државна граница помеѓу Германија и Чешка. Образува лак од 815 км[1] кој се протега од Австрија на југ до Полска на север.
Историја
[уреди | уреди извор]Границата потекнува од онаа на Земјите на Чешката круна, кои подоцна станале граница помеѓу Германското и Австриското Царство.
Во периодот од 1945 до 1990 г. границата била дел од т.н. Железна завеса, и имала силни огради и строга стража.
Во 2007 г. Чешка се приклучила кон Шенген-зоната, и во декемви истата година се отстранети сите гранични пречки и премини. Ограничувањата за Чесите кои работеле во Германија истекле во 2011 г.
Населени места по границата (од север кон југ)
[уреди | уреди извор]Дадени се само граничните премини што можат да се поминат со возило, воз или брод. Под местата во Германија во загради се наведени нивните чешки имиња, а кај оние во Чешка се наведени германските, онаму кајшто постојат.
Реки
[уреди | уреди извор]Границата ја минуваат неколку реки, а некои сочинуваат делови од самата неа.
- Хамб (Коуба)
- Пфрајмд
- Вондреб (Одрава)
- Охрже (Егер)
- Регниц
- Вајсе Елстер (Били Халштров)
- Начунг (Начетински Поток)
- Флеа (Флајски Поток)
- Вилде Вајсериц (Дивока Бистшице)
- Миглиц (Мохелнице)
- Бјела
- Елба (Лабе)
- Шпре (Спрева)
- Мандау (Мандава)
- Лужичка Ниса (Лаузицер Нисе)
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „CIA – The World Factbook – Germany“. The World Factbook. Central Intelligence Agency. May 31, 2012. Посетено на 31 мај 2012.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Германско-чешка граница на Ризницата ?
- Границата на Чешка со Германија (чешки)
|