Германски воени гробишта (Битола)

Координати: 41°2′8″N 21°19′2″E / 41.03556° СГШ; 21.31722° ИГД / 41.03556; 21.31722
Од Википедија — слободната енциклопедија
Германски воени гробишта во Битола
Поглед на Германските гробишта
Податоци
Основани26 октомври 1936
МестоБитола
ЗемјаМакедонија
Координати41°2′8″N 21°19′2″E / 41.03556° СГШ; 21.31722° ИГД / 41.03556; 21.31722
Погребани3.406

Германски воени гробишта Битола (германски: Kriegsgräberstätte Bitolа) — германски воени гробишта во близина на градот Битола каде се закопани 3.406 германски борци загинати на Солунскиот фронт во периодот 1915-1918 година во текот на Првата светска војна. Биле отворени на 26 октомври 1936 година.

Изградба на гробиштата[уреди | уреди извор]

Внатрешноста на Германските гробишта, Битола.

Во есенската битка во 1916 година линијата на фронтот минувала низ планината над Битола, каде подоцна ќе бидат поставени воените гробишта. Во 1932 година, Германската комисија за воени гробишта започнува со изградба на централни воени гробишта за паднатите борци во битките во Македонија во периодот 1915-1918. Како благодарност за отстапувањето на земјиштето за гробиштата во 1936 година градот Битола од комисијата добива ѕвона, кои се вградени во саат-кулата во центарот на градот, од каде и денес во определено време може да се чуе една македонска народна песна и песната за „добриот пријател“. Гробиштата се обиколени со цврст кружен ѕид од гранитни блокови, од кои е подигнат и влезниот простор налик на кула. Кружната гробишна површина е опколена од малку повисоко поставена патека обиколена со високиот ѕид. Градежните работи траеле скоро 5 години, бидејќи тешките гранитни блокови морале да се носат од далеку.

На 25 октомври 1936 се отвораат воените гробишта во кои почиваат 3.406 загинати. Во 1969 година една локална компанија го реновира просторот бидејќи со текот на годините се уништуваат неколку блокови и мозаикот на кровот на влезниот простор. Гранитните блокови можеле повторно да а се спојат или да се заменат, но орелскиот мозаик не можел да се зачува. Заменет е со „зграфито“ на германските уметници Франц Грау/Јозеф Еберл. Во седумдесеттите години започнува изградбата на тунелот кој минува низ планината на мала оддалеченост од гробиштата. Секоја година на Денот на народната жалост на германските и на француските гробишта се оддава почит за паднатите борци.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]