Германска Швајцарија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јазични подрачја во Швајцарија – сооднос на мнозинското население согласно статистичко испитување спроведено во 2010 година. Управната поделба на картата е согласно 1 јануари 2021 година.
  германски
(65,6% од населението; 73,3% од Швајцарците)
  француски
(22,8% од населението; 23,4% од Швајцарците)
  италијански
(8,4% од населението; 6,1% од Швајцарците)
  реторомански
(0,6% од населението; 0,7% од Швајцарците)

Германска Швајцарија (германски: Deutschschweiz) или Германскојазична Швајцарија — поим со којшто се опишува подрачјето во Швајцарија, сочинето од кантони во коишто главно се зборува германскиот јазик (вклучително и швајцарски германски). Околу 65% од територијата на Швајцарија (Северозападна Швајцарија, Источна Швајцарија, делови од Швајцарската Висорамнина, Средна Швајцарија, како и големи делови од Швајцарските Алпи) се смета за дел од Германска Швајцарија. Другите јазични области на Швајцарија се означени како Романдија (Француска Швајцарија, Италијанска Швајцарија и Ретороманска Швајцарија.

Населението на Германска Швајцарија изнесува околу 5,9 милиони жители, што претставува околу 70% од вкупното населени на земјата, и тоа главно ги населува метрополитенските области на градовите Цирих, Базел и Берн.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Präsenz Schweiz: Die Schweiz in ihrer Vielfalt. Kümmerly & Frey, Schönbühl/Bern 2004, ISBN 3-259-05522-3.
  • Marc Stampfli, Christian Sonderegger (Hrsg.): Aktuelle Schweiz – Lexikon für Politik, Recht, Wirtschaft, Gesellschaft. Sauerländer, Aarau 2004, ISBN 3-0345-0115-3.
  • Manfred Hettling, Mario König, Martin Schaffner, Andreas Suter, Jakob Tanner: Eine kleine Geschichte der Schweiz. Suhrkamp, Frankfurt am Main 1998, ISBN 3-518-12079-4.
  • Jürg Altwegg, Roger de Weck (Hrsg.): Kuhschweizer und Sauschwaben: Schweizer, Deutsche und ihre Hassliebe. Nagel & Kimche, München 2003, ISBN 3-312-00315-6.
  • Georg Kreis, Regina Wecker (Hrsg.): Deutsche und Deutschland aus Schweizer Perspektiven. Schwabe, Basel 2007, ISBN 978-3-7965-2381-6.
  • Paul Zinsli: Ortsnamen. Strukturen und Schichten in den Siedlungs- und Flurnamen der deutschen Schweiz. (= Schriften des Deutschschweizerischen Sprachvereins. Nr. 7). Huber & Co. AG, Frauenfeld 1971. 2., durchgesehene und ergänzte Auflage ebenda 1975.