Германикус

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Германик, мермерна биста која настанала веројатно во 4 година на нашата ера.

Германикус Јулиус Цезар (латински: Germanicus Iulius Caesar, роден на 24 мај, 15 п.н.е., починал 9 октомври, 19 нова ера), попознат само како Германик или Германикус Постариот, бил римски државник и војсководец и припадник на првата римска царска фамилија Јулиевци-Клаудиевци.

Германик се родил во 15 п.н.е., како најстаро дете во бракот на Друж Постариот, роден син на царицата Ливија, и Антонија Помладата роднина на царот Август. Германик го добил името Нерон Клаудиј Друж или Тибериј Клаудиј Нерон, но кога Друж Постариот 9 п.н.е. добил право на почесен прекар Германик (латински: Germanicus), заблагодарувајќи на победата над Германите, после неговата смрт прекарот преминал на неговиот најстар син кој под него останал запамтен во историјата.