Ѓорѓи I (Грција)
| Ѓорѓи I Γεώργιος A', Βασιλεύς των Ελλήνων | |
|---|---|
| Крал на Елените | |
| На престол | 30 март 1863 – 18 март 1913 |
| Претходник | Отон |
| Наследник | Константин I |
| Роден(а) | 24 декември 1845 Копенхаген, Данска |
| Починал(а) | 18 март 1913 (возр. 67)[б 1] Солун[б 2] |
| Почивалиште | Кралски гробишта, Атина |
| Сопружник | Олга Константиновна |
| Деца | Константин I Принц Георги Принцеза Александра Принц Никола Принцеза Марија Принцеза Олга Принц Андреј Принц Кристофер |
| Династија | Династија Шлезвиг-Холштајн-Сондербург-Гликсбург |
| Татко | Кристијан IX |
| Мајка | Лујза Хесенска |
| Потпис | |
Ѓорѓи I (грчки: Γεώργιος A', Βασιλεύς των Ελλήνων, Geōrgios A',Vasileús tōn Ellēnōn; роден на 24 декември 1845 во Копенхаген– починал на 18 март 1913 во Солун) бил крал на Грција во периодот од 1863 до 1913 година.
Ран живот
[уреди | уреди извор]Георги I, оригинално именуван како принц Вилхелм од Шлезвиг-Холштајн-Зондербург-Гликсбург, е роден на 24 декември 1845 година во Копенхаген, Данска, во Жолтата палата близу комплексот Амалиенборг. Тој бил втор син и трето дете на принцот Кристијан од Шлезвиг-Холштајн-Зондербург-Гликсбург и принцезата Лујза од Хесе-Касел. Крстен како Кристијан Вилхелм Фердинанд Адолф Георги, тој бил познат како принц Вилхелм до неговото искачување на престолот во Грција. Неговото семејство, иако од кралска крв, живеело релативно нормален живот според кралските стандарди.

Во 1852 година, неговиот татко бил прогласен за наследник на бездетниот Фредерик VII од Данска, а во 1853 година семејството станало принцови и принцези на Данска. Браќата и сестрите на Георги вклучувале Фредерик (подоцна крал на Данска), Александра (омажена за Едвард VII од Обединетото Кралство), Дагмар (омажена за Александар III од Русија), Тиара и Валдемар. Неговиот мајчин јазик бил дански, со англиски како втор јазик, и бил научен на француски и германски. Георги започнал кариера во Кралската данска морнарица, запишувајќи се како поморски кадет заедно со постариот брат Фредерик.
Искачување на престолот
[уреди | уреди извор]По прогонувањето на Отон I, во Грција биле одржани избори. Во март 1864 година бил донесен нов устав, изработен по модел на белгискиот устав. Според него, народот имал висок суверенитет, законодавната власт се состоела од Национално собрание, право на глас имале мажите кои наполниле 21-годишна возраст и имале имот. Извршната власт му припаѓала на кралот, но кралските наредби станувале валидни само по одобрувањето им од ресорниот министер. Во меѓувреме биле водени преговори за избор на нов крал. Круната била нудена на неколку кнезови, но како услов се барало пристап до Јонските Острови на Грција. Така, на грчкиот престол застанал данскиот принц Георг, кој во октомври 1863 година пристигнал во Атина и бил крунисан под името Ѓорѓи I.
Ѓорѓи бил првиот крал на Грција од династијата Шлезвиг-Холштајн-Сондербург-Гликсбург, син на данскиот крал Кристијан IX. Кога данскиот принц застанал на грчкиот престол, тој имал само 17 години. Во 1867 година Ѓорѓи I се оженил за големата кнегиња Олга Константиновна (1851-1926) од руската династија Романови. Тие се венчале во 1867 година.
Инаку, како прв монарх на новата грчка династија, владеењето на Ѓорѓи I од речиси 50 години (најдолга во историјата на современата Грција) се одликува со големи територијални придобивки на Грција, која земјата ги добила до започнувањето на Првата светска војна. Тој бил убиен во Солун, во времето на Првата балканска војна, од страна на Александрос Схинас, грчки анархист.
Наследник на Ѓорѓи I бил неговиот син, Константин I.
Предци
[уреди | уреди извор]| Предци на Ѓорѓи I (Грција)[1] | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Белешки
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Maclagan and Louda, pp. 51, 53
| ||||||||||
|
- Родени во 1845 година
- Луѓе од Копенхаген
- Починати во 1913 година
- Починати во Солун
- Гликсбурговци (Грција)
- Гликсбурговци (Данска)
- Витези на Златното Руно
- Летни олимписки игри 1896
- Православни монарси
- Балкански војни
- Грчки кралеви
- Европски монарси од 19 век
- Носители на Големиот крст на Легијата на честа
- Витези на Подвеската