Прејди на содржината

Георги Трајчев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Георги Трајчев
Роден(а)1869
Прилеп, Османлиска империја
(денешна Македонија)
Починал(а)1945(1945-00-00) (возр. 75–76)
Софија, Бугарија
ОбразованиеСолунска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“
Потпис

Георги Трајчев (Прилеп, 1869 – 1945) – историчар, публицист, револуционер. Ја завршил Солунската бугарска машка гимназија и бил учител. Член на ТМОРО (1896) и претседател на Околискиот револуционерен комитет во родниот град (1908).

Биографија

[уреди | уреди извор]

Ран живот и образование

[уреди | уреди извор]
Четврта генерација на матуранти во Солунската гимназија во учебната 1888/89 год.
Прв ред (учители): Ј. Буфети, Б. Димитров, Г. Прличев, Д. Матов, Н. Начов, Д. Хаџииванов, В. К’нчов, Е. ефенди
Втор ред (матуранти): Н. Зарзев, К. Робев, Н. Апостолов, П. Васков, Д. Поптомов, Ј. Игнатиев, И. Хаџимишев, М. Лучански
Трет ред (матуранти): Ј. Гелев, Г. Трајчев, А. Димитров, Г. Николов

Роден бил во Прилеп, 1869-тата година. Основното образование го завршил во родниот град, а во 1889 завршил со четвртата генерација на матуранти во Солунската гимназија. Бидејќи немал доволно материјални средства, не можел да добие високо образование, но тоа не му пречело да се самообразува.

Учителска дејност

[уреди | уреди извор]

По завршувањето на Солунската гимназија, на 26 јуни 1889 година, во истата година добил учителско место во Богданци.[1] Со започнувањето на учебната 1889/90 година, започнало и неговото учителствување, кое траело цели 40 години.

Учителите во Централното машко училиште во Прилеп во 1892/93 година.
Прв ред: А. П. Стоилов, Ј. Јанчулев, С. Мирчев, К. Ѓоргиев, Ј. Бомболов, П. Тошев, Д. Груев, Г. Трајчев, Н. Смичков
Втор ред: Ј. Поп Костадинов, Н. Дамјанов, И. Тошев, И. Иванов, Н. Радославов, К. Трифунов, С. Димев, А. Воденичаров

По една учебна година помината во Богданци, учителствувал во Кавадарци, потоа во Прилеп, Скопје, Сер, Дојран, Неврокоп, Велес, повторно во Прилеп, Ресен, Дебар, Обрзацов Чифлик - покрај градот Русе, уште еднаш во Ресен и во Скопје и најпосле во Софија. Тука и се пензионирал како учител, во IV Софиска прогимназија. Бил директор на училиштата во Дојран, Неврокоп, во Велес и во Прилеп. По Уриетот (1908), ја извршувал и должноста училиштен инспектор.[1]

Во меѓувреме, станал член на ТМОРО (1896), но не учествувал директно во четничкото движење, ниту во Илинденското востание. Тогаш ги добил псевдонимите Вестителов и Г. Мајков. За време на неговото повторно учителствување во родниот град (1907/08 и 1908/09), бил избран за претседател на прилепскиот околиски комитет.

Емигрирање во Бугарија

[уреди | уреди извор]

По балканските војни бил принуден да замине во Бугарија. Кратко по војната, се вратил во Македонија, а по Првата светска војна засекогаш емигрирал во Софија, каде што и починал, во 1945 година.[1]

Автор е на повеќе книги:

  • Мариово. София. 1923.
  • Преспанското езеро. София. 1924.
  • Градъ Прилеп. София. 1925.
  • Приносъ къмъ историята на революционното дело въ Македония (Прилепско). София. 1925.
  • Спомени отъ моето 40 годишно учителство (1889-1929 г.). Печатница П. Глушковъ, София. 1930.
  • Манастирите въ Македония. София. 1933.
  • Книга за Мияците. София. 1941.
  1. 1 2 3 Ковилоски, Славчо (2014). „Георги Трајчев како просветен деец, книжевник и публицист“. Филолошки студии. 12 (1): 82–92.