Георги Радев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Георги Радев
Georgi Radev.JPG
Роден 1857
Горно Броди, Егејска Македонија
Починал 15 февруари 1942
Асеновград, Бугарија
Националност Македонец
Занимање сликар
педагог

Георги Радев - Бродалијата[1] (роден во 1857 година во Горно Броди - починал на 15 февруари 1942 година во Асеновград) — македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација и серски војвода на ТМОРО, ВМОРО и ВМРО[2][3]. Извесно време бил комита во четата на Гоце Делчев (1899), а потоа војвода на Серскиот револуционерен округ на ТМОРО (1899-1904). Учествувал во Битката во с. Баница при загинувањето на Гоце Делчев (4. V / 1. IV 1903). Познат е како Ѓорѓи Бродалијата, кој подоцна ги фатил и егзекутирал предавниците.[4]

Животопис[уреди | уреди извор]

Георги Радев е роден во 1857 година во селото Горно Броди, Серско, Егејскиот дел на Македонија. Неговиот татко бил овчар и тој самиот се занимавал со овчарство до триесет и осмата година. Како овчар тој им бил јатак на војводите Георги Зимбилев и Стојо Костов – Скрижовски. Во 1895 година поради тоа бил уапсен и затворен од османлиските власти.

По излегувањето од затвор Радев стаал комита во четата на Илија Крчовалијата. Со четата учествувал во Мелничкото востание во летото 1895 година, кое го организирал Македонскиот комитет. Под влијание на Гоце Делчев, Крчовалијата со својата чета се приклучил на ТМОРО во 1897 година. Така кон крајот на 1899 и почетокот на 1900 година нез целата земја крстосувале чети и речиси секој реон имал своја чета, што ја наметнала потребата од точно определување на местото и улогата на четите во македонското револуционерно движење.

Делчев и Ѓорче изработиле Правилникот за четите на ТМОРО, но поради недостаток на командувачки кадар, најпрво во организациските чети биле вклучени старите ајдути и ајдутски војводи меѓу кои: Кочо Мустракот, Апостол Петков - Терзиев, Иванчо Оџаров Карасулијата, Илија Крчовалијата, Атанас Тешовалијата, Георги Бродалијата и други. Имено, Георги Бродалијата извесно време бил комита во четата на Гоце Делчев, а потоа бил назначен за војвода на Серскиот револуционерен округ на ТМОРО, каде дејствувал од 1899 до 1904 г.

Во февруари 1902 година, на Серското советување, заедно со војводата на Драмската чета на ТМОРО Димитар Гуштанов, војводата на Демирхисарската чета Илија Крчовалијата, Неврокопската и Мелничката чета, кои располагале со околу 80 комити и 200 младинци пријавени за идни комити, во селото Караѓој ја дочекале четата на Гоце Делчев.

На тукашното советување на Серскиот револуционерен округ, Гоце Делчев им говорел за објавување на востанието и бил прифатен неговиот предлог за минирање на железничката мрежа и напади и атентати на воените утврдувања и жандармериските станици. Потоа сите заедно заминале за пештерата Капе на планината Али-Ботуш. По извесно отсуство, Гоце Делчев пак се вратил во тој комитски логор.

На 4 мај 1903 година, Георги Бродалијата учествувал во Битката во с. Баница, Серско, во која бил убиен Гоце Делчев. По долга потрага, во декември 1904 година, Бродалијатаги ги фатил и егзекутирал предавниците на Гоце Делчев.

На 5 март 1905 година четата на Георги Бродалијата влегла во Елшани и ги опкружил гркоманските водачи, на чело со Васил Челебиев (Василиос Целебонис) и при започнатата престрелка загинал Хараламби Диамандиев (Хараламбос Диамандис) и бил повреден Петар Андонов (Петрос Антониу) од Кумли.

Во 1908 година за време на Младотурската револуција Георги Радев Бродалијата бил уапсен и затворен во Сер. Во 1912 година, за време на Првата балканска војна, Бродалијата со својата чета им помагнал на Сојузничките војски. Исто така учествувал во Втората балканска војна во 1913 година и во Првата светска војна (1915-1919). Се преселил со семејството во Орјаховскиот крај, а во текот на 1941 година го посетил родниот крај. Потоа заминал во Асеновград, каде починал на 15 февруари 1942 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Николов, Борис. ВМОРО – псевдоними и шифри 1893 – 1934, Звезди, 1999, стр.20, 81
  2. Кратка биография на Георги Радев
  3. Енциклопедия „Пирински край“, том II. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1999. стр. 174. ISBN 954-90006-2-1.
  4. Ристовски, Блаже, ed. (2009). "Радев". Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. стр. .