Прејди на содржината

Георги Миндов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Георги Миндов
Роден 18 јануари 1863
Гуменџе, Отоманско Царство
Починал 6 септември 1924(1924-09-06) (возр. 61)
Софија, Царство Бугарија
Занимање учител, преведувач, писател

Георги А. Миндов (Гуменџе, 18 јануари 1863 Софија, 6 септември 1924 ) — македонски преведувач и писател во Бугарија, учител на Солунската машка гимназија.[1][2]

Животопис

[уреди | уреди извор]
Руско-бугарскиот речник на Д. Благоев и Г. Миндов, 1914 г.

Миндов е роден на 18 јануари 1863 г. во гратчето Гуменџе, Егејска Македонија, тогаш во Отоманското Царство, денес во Грција.[1] Во 1885 г. дипломирал на Физичко-математичкиот факултет во Москва.[3] Работел како учител. Во учебната 1885/1886 год. предавал во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“.[4]

На 15 мај 1913 г., како претставник на Ениџевардарското добротворно братство, тој го потпишал Меморандумот за заедничката македонска емиграција.[5]

Тој објавил бројни преводи од руски јазик во бугарскиот печат,[6]  а неговите преводи на Чехов биле критички пофалени од Ана Карима.[7] Во 1914 година, заедно со Димитар Благоев, тој го составил првиот и најкомплетен „Руско-бугарски речник“.[8]

Починал на 6 септември 1924 г. во Софија, Бугарија.[1]

  1. 1 2 3 Цветанова, Елена, Милена Цанева (1985). Периодика и литература, том 2. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 599.
  2. „Хамлет, принц Датски. Помен за Г. А. Миндов“. Демократически сговор (1158). 1927. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  3. Танчев, Иван (2001). „Македонският компонент при формирането на българската интелигенция с европейско образование (1878 – 1912)“. Македонски преглед. XXIV (3): 55.
  4. Кандиларовъ, Георги Ст. (1930). Българскитѣ гимназии и основни училища въ Солунъ (по случай на 50-годишнината на солунскитѣ български гимназии) (PDF). София: Македонски Наученъ Институтъ, печатница П. Глушковъ. стр. 81.
  5. Меморандумъ от сдружената македонска емиграция (PDF). София. 15 май 1915 год. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
  6. Цветанова, Елена, Милена Цанева (1985). Периодика и литература, том 2. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 59, 60.
  7. Цветанова, Елена, Милена Цанева (1985). Периодика и литература, том 3. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 365.
  8. Чернокожев, Вихрен (1986). Безпощадният мечтател. Страници за Димитър Подвързачов. Наука и изкуство. стр. 184.