Георги Ковачев (Либјахово)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Георги Ковачев ( Либјахово, Пиринска Македонија, Бугарија1923 во Бугарија) — македонски револуционер.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

После извршениот деветојунски вооружен ноќен преврат изведен под директиви на Царот Борис III,[2] од страна на организацијата на офицерите "Воениот сојуз" со учество и на ВМРО Автономистичка предводена од Тодор Александров и Александар Протогеров,[3][4] четниците на Тодор Александров од полицијата имале дозвола кого сакаат да вадат од затвор, а при тоа ги ликвидирале на непознати места. Во издавањето на овие наредби главно учество земал зетот на Тодор Александров - Михаил Монев (кого Македонците го нарекувале „Црниот Монев“), тутунскиот трговец од Неврокоп Стојан Филипов, како и Анго Попов (наречен делибаша) кој бил назначен за пункотв началник на ВМРО (Автономистичка) за Пловдив.[5]

Летото 1923 година, царските автономисти[note 1] Анго Попов и Лико Манов го извадиле од Пловдивскиот затвор Георги Ковачев. Тие му го предале на „војводата“ Келпеков, кој го однел во непознат правец и го убил бидејќи не ги признавал царските агенти Тодор Александров и Александар Протогеров за револуционери.[1]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Се мисли на ВМРО Автономистичка, организацијата предводена од Тодор Александров.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Динев, Ангел (1983). Политичките убиства во Бугарија. Скопје: Култура-Скопје. стр. 331.
  2. Апостолски, Акад. Михаило; Митрев, Акад. Димитар (1969). Историја на македонскиот народ. Скопје: Институт за национална историја; Нова Македонија. стр. 182.
  3. Апостолски, Акад. Михаило; Митрев, Акад. Димитар (1969). Историја на македонскиот народ. Скопје: Институт за национална историја; Нова Македонија. стр. 183.
  4. РИСТИЋ, Иван (2019). Годишњак Педагошког факултета у Врању, књига IX, 2/2018 - „ПЕЋИНА РАЗБОЈНИКА И УЗУРПАТОРА…“: БУГАРСКА И БУГАРИ У СРПСКОЈ ЈАВНОСТИ (1923–1925) (PDF). стр. 127.
  5. Динев, Ангел (1983). Политичките убиства во Бугарија. Скопје: Култура-Скопје. стр. 335.