Георги Икономов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Георги Икономов
Роден 16 јануари 1911
Скопје, Отоманско Царство
Починал 26 април 1995
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Занимање фармацевт

Георги Икономов (роден во 16 јануари 1911 година во Скопје - починал на 26 април 1995 година во Скопје) — македонски фармацевт.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Дипломирал фармација во Загреб, работел во Кичево и во Скопје. Член на Здравствениот одбор при Фармацевтскиот актив во Скопје, кој од 1941 г., прогресивно ориентиран, се залага за сопствен систем за организација на аптекарската служба, како и за набавка на санитетески материјал и лекови за доставување до партизанските единици и изработка на експлозивен материјал. Посебна заслуга има за напредокот на фармацевтската фабрика „Алкалоид” со отворањето на нови одделенија за производство на фармацевтски препарати.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Железаров“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 540. Text "series " ignored (help)