Геоглиф
Геоглиф — геометриска или сликовита шара нанесена на земја, која обично е подолга од 4 метри.[1] Многу геоглифи се толку големи што можат да се видат само од воздух (најпознат пример се геоглифите кај Наска).
Постојат неколку начини за создавање геоглифи: со отстранување на горниот слој на почвата по периметарот на шарата, со натрупување чакал таму каде што треба да минува линијата на шарата, или со садење дрвја (шумоглиф) што го образуваат потребниот цртеж. Геоглифите се користат за уметнички цели и денес.
Геоглифи во Македонија
[уреди | уреди извор]Светиниколскиот Геоглиф е геометриска или сликовита шара нанесена на земја, видлива од воздух, која наликува на буквата „М“ или на трикратна стрелка, со ориентација север-југ.[2] Се наоѓа на височинка со тркалест облик и размери од околу 85 на 45 метри. Локалитетот е познат и како Канда меѓу месното население.
Според истражувањата на поранешната новинарка Емилија Гелева, овој геоглиф потекнува од периодот 10.500 години пред новата ера, а под него наводно се наоѓа древна технологија од развиена цивилизација. Таа тврди дека оваа технологија е поврзана со соѕвездието Плејади и има благопријатно дејство на околината. Археоакустични мерења, според неа, потврдуваат дека структурата е вештачка. Гелева поврзува голем дел од топонимијата на Овче Поле и некогашна Пајонија со ведски записи, толкувајќи ги како дел од длабоката историја на Македонија.[3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „геоглиф“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „Македонски геоглиф / Macedonian geoglyph“. Овче Поле (англиски). 2014-02-15. Посетено на 2025-07-12.
- ↑ „КАНДА – македонскo-ведски клуч на постанокот“. Македонска нација. Посетено на 2025-07-12.