Геноцид над Србите во Независна Држава Хрватска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Геноцид над Србите во Независна Држава Хрватска
Дел од Втора светска војна во Југославија
[[File:
Избркани Срби го напуштаат градот
Камениот цвет, споменик воздигнат во чест на жртвите на логорот на смртта во Јасеновац
Алојзиус Степинац на судење
(почнувајќи од горе лево)
|250px|alt=|]]
Место
Датум1941–1945
ЦелСрби
Вид нападГеноцид, етничко чистење, депортација, принудно менување на религија
Мртвинеколку проценки
СторителиУсташи

Геноцид над Србите[7] или Злосторствата над Србите (српски: Геноцид над Србима) — низа дејствија извршени во насока на систематско убивање на Србите коишто се случиле за време на фашистичкиот режим на Усташите во марионетската држава Независна Држава Хрватска (НДХ) контролирана од страна на нацистичка Германија за време на Втората светска војна помеѓу 1941 и 1945 година. Злосторствата биле извршени преку убиства во смртни логори, масовни убиства, етнички чистења, депортации, принудно менување на верата и силувања. Настани се случиле во ист период со Холокаустот во НДХ и биле користени нацистички расни полиси со цел да се создаде етнички чиста Голема Хрватска.

Идеолошката основа за формирањето на усташкото движење се појавила во 19 век. Неколку хрватски националисти и интелектуалци објавиле теории во кои Србите се сметаат за инфериорна раса. По случувањата од првата светска војна и спротивставувањето на група на националисти за создавање на обединета држава на јужните словени, етничката тензија помеѓу народите во склопот на Кралството Југославија почнала да расте. За време на 1920-те години, Анте Павелиќ станал главниот водич на движењето за хрватска независност. Во 1920-те и 1930-те, се појавиле националистички и ултрадесничарски движења, главно поради диктатурата од 6 јануари и законите против Хрватите кои се појавиле во југословенската влада која била предводена главно од страна на Срби. Ваквите движења кулминирале со појавата на усташите кои претставувале ултранационалистичка, фашистичка и терористичка организација основана од Павелиќ. Движењето било финансиски и идеолошки поддржано од страна на Бенито Мусолини и усташите имале директен удел во атентатот врз југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ.

По окупирањето на Југославија од страна на Силите на Оската во април 1941, германската марионетска држава наречена НДХ била создадена од страна на Усташите и ги сочинувала териториите на денешна Хрватска и Босна и Херцеговина како и делови на Србија и Словенија. Главна цел на усташите била да создадат етнички чистаГолема Хрватска со тоа што ќе ги елиминираат сите народи кои не биле Хрвати. Тоа првично ги вклучувало Србите но исто така и Евреите,Ромите и почитички дисиденти. Масакри бил извршени врз населението и биле изградени концентрациони логори, од кои најголем бил Концентрационен логор Јасеновац кој е познат по високиот број на убиства и барбарските чинови кои биле извршени. НДХ била единствената марионетска држава на Силите на Оската која поставила концентрационен логор наменет само за деца. Бројот на српски жртви не е целосно јасен, но се смета дека помеѓу 200,000 до 500,000 Срби биле убиени, а повеќето автори се согласуваат дека околу 300,000 Срби биле убиени. 300,000 Срби биле протерани и околу 200,000 Срби биле приморани да ја сменат верата иако поголемиот дел од нив повторно ја вратиле верата после војната. Земајќи ја предвид бројноста на населението, НДХ бил еден од најсмртоносните режими кои се појавиле во 20-от век.

Миле Будак и други команданти на НДХ биле осудени за направените криминални чинови од страна на комунистичката партија на Југославија. Љубо Милош и Мирослав Филиповиќ кои биле команданти на концентрациските логори биле уапсени и убиени, а свештеникот Алојзие Степинац бил обвинет за присилно менување на верата на српското население. Голем број криминалци избегале, најмногу во Латинска Америка, вклучувајќи го и водачот Анте Павелиќ. Злосторствата не биле целосно истражувани по војната поради тоа што владата на Југославија не сакала да поддржва независни академици од страв дека меѓуетничките тензии кои би се појавиле би можеле да го дестабилизираат комунистичкиот режим. Во денешно време, Србија го прогласила 22 април за државен празник посветен на жртвите на зосторствата и фашизмот а Хрватска одржува официјална комеморација кај Јасеновац.

Независна држава Хрватска[уреди | уреди извор]

Етничка мапа на Југославија од 1940
      Срби (вклучувајќиЦрногорски Срби)
      Хрвати
      Босански муслимани
      Германци (Дунавски Шваби)
Окупација и поделба на Југославија по инвазијата на Силите на Оската

Во април 1941 година, Кралството Југославија било покорено од страна на Силите на Оската. Откако нацистите влегле во Загреб на 10 април 1941 година, најблискиот соработник на Павелиќ, Славко Кватерник, го прогласил создавањето на Независна Држава Хрватска (НДХ) за време на пренос на радиото на Загреб. Во меѓувреме, Павелиќ и уште неколку стотици усташки волонтери ги оставиле нивните логори во Италија и допатувале до Загрев кадешто Павелиќ прогласил нова влада на 16 април 1941.[8] Себеси си ја доделил титулата на „поглавник“ (германски: Führer). НДХ се состоела со најголемиот дел од денешна Хрватска, целосната територија на денешна Босна и Херцеговина и делови од Србија; овие територии биле комбинирани во италијанско-германски квази проктеторат.[9] Србите составувале 30% од населението на НДХ.[10] НДХ никогаш не добила целосен суверенитет, но била марионетска држава која ја имала најголемата автономија од било кој друг режим во Европа окупирана од Германија.[11] НДХ била прогласена како држава која е поставена на „етничка и историска територија“.[12]

Оваа држава може да биде само хрватска држава и не постои ниту еден метод кој што не би го искористиле за да ја направиме вистински хрватска и да ја исчистиме од Србите, кои веќе со векови претставуваат опасност за нас и кои повторно ќе претставуваат опасност доколку им се даде таква можност.

— Милован Жаниќ, министер на владата на НДХ, на 2 мај 1941.[13]

Главната цел на Усташите била да создадат етнички чиста држава.[14] Според плановите на министрите на усташите, Миле Будак, Мирко Пук и Милован Жаниќ, стратегијата за постигнување на етнички чиста Хрватска била:[15][16]

  1. Една третина од Србите да се убие
  2. Една третина од Србите да се прогони
  3. Една третина од Србите присилно да ја смени религијата во римокатолицизам

Усташкото движење не добило голема поддршка од хрватските граѓани.[17][18] Во мај 1941, Усташите имале околу 100,000 членови кои положиле заклетва.[19][20] Покрај тоа, локалната поддршка за насилството извршено од Усташите била поголема од бројките кои биле објавени за истата.[21] Откако Владко Мачек ги повикал приврзаниците на хрватската селска партија да го почитуваат и да соработуваат со новиот режим на Анте Павелиќ, му се овозможило да ја користи партијата и службениците во поранешната Хрватска Бановина.[22][23] На почетокот, хрватските војници кои претходно служеле во автстроунгарската партија ги имале највисоките позиции во вооружените сили на НДХ.[24]

Историчарката Ирина Огњанова заклучила дека сличностите помеѓу НДХ и Третиот Рајх се состоеле во тоа што двете држави сметале дека теророт и геноцидот биле неопходни за да се задржи државата.[25] Виктор Гутиќ одржал неколку говори на почетокот на летото во 1941 во кои ги нарекол Србите „претходни непријатели“ и „непосакувани елементи“ коишто треба да се исчистат и уништат и исто така им се заканил и на Хрватите кои не го поддржувале.[26] Најголемиот дел на усташката идеологија бил заснован на расната теорија на Нацистите. Како Нацистите, и Усташите ги гледале Евреите, Ромите и словените како под-човечни (Untermensch). Усташите исто така ги прифатиле тврдењата на германските расни теоричари според кои Хрватите не биле словенска туку германска раса. Заклучно со тоа, геноцидот кој го извршиле над Србите, Евреите и Ромите бил резултат на нацистичките расистички идеологии.[27] Адолф Хитлер ја изразил својата поддршка за Павелиќ да ги казни Србите.[28] Историчарот Мајкл Фејр објаснил дека одлуката на нацистите да ги убијат сите Евреи во Европа започнала во втората половина на 1941 година кон крајот на јуни, што би значело дека геноцидот во Хрватска започнал пред нацистите да почнат да ги убиваат Евреите.[29] Џонатан Стејнберг исто така напишал дека убиствата извршени врз Србите во НДХ го претставувале „најраниот обид за целосен геноцид за време на Втората светска војна“.[29]

Андрија Артуковиќ, тогашниот министер за внатрешни работи на НДХ донел ноеколку расни закони.[30] На 30 април 1941, владата го прифатила „легалнинот поредок на расите“ и „легалната заштита на арјанската крв и чест на хрватските луѓе“.[30] Хрватите и околу 750,000 Босански муслимани, чија поддршка била потребна против Србите биле прогласени за аријци.[31] Доналд Блоксхам и Роберт Герварт заклучиле дека Србите биле прва цел на ваквите расни закони и убиства.[32] усташите донеле закон со кој на Србите им биле одземени државјанствата и сопствеништвата.[33] Слично со Евреите во Третиот Рајх, Србите биле принудени да носат знак на раката со буквата „P“, за Pravoslavac (православен).[33][34] Усташките писатели почнале да имплементираат дехуманизирачки текстови и тврдења.[35][36] Во 1941, употребата на кирилицата била забранета,[37] и во јуни 1941 година започнала елиминацијата на „источни“ односно српски зборови од хрватскиот јазик проследено со затворање на српските училишта.[38] Анте Павелиќ ѝ наредил на „хрватската државна канцеларија за јазик“ да создаде нови зборови користејќи стари корени и да го исчисти јазикот од многу српски зборови.[39]

Концентарицони логори и логори за масовно убиство[уреди | уреди извор]

Усташи ја држат главата на обезглавен српски православен свештеник

Усташите поставиле концентрациони логори во пролетта 1941 и воспоставиле мрежа на постојани логори во есента, истата година.[6] Создавањето на концентрациони логори и извршување на кампањата за масивно убиство на Србите биле планирани од страна на усташките водичи уште пред 1941 година.[40] За време на егзибициите на усташите во Загреб, логорите биле прикажани како продуктивни и „логори за мирна работа“ проследени со слики од среќни затвореници.[41]

Србите, Евреите и Ромите биле уапсени и испратени во концентрациони логори како Јасеновац, Стара Градишка, Госпиќ и Јадовно. Вкупно имало околу 22-26 логори во НДХ.[42] Историчарот Јозо Томасевич го опишак концентрацискиот логор во Јадовно како „патна станица“ која води до бездни на планината Велебит, кадешто затворениците биле убивани и фрлани.[43]

Најголемиот најозогласен бил логорот во Јасеновац и Стара Градишка кои формирале еден комплекс и претставувале најголемиот логор за масовно убиство на Балканот.[6] [44] Околу 100,000 затвореници биле убиен во него од кои најголемиот број биле Срби.[45] Вјекослав „Макс“ Лубуриќ, главниот командант на хрватските логори, изјавил дека кампот во Јасеновац се одликувал со голема „ефикасност“ за време на церемонија одржана на 9 октомври 1942: „Тука во Јасеновац, убивме повеќе луѓе отколку османската империја за време на нејзината окупација во Европа.“[46]

Srbosjek (хрватски: „сечач на Срби“), бил земјоделски неж кој се носел преку раката кој усташите го користеле за брзо убивање на затвореници.

Кампот во Јасеновац бил ограничен од реки и двожична ограда со што се отежнувало бегањето а логорот во Јасеновац бил поделен на пет логори, од кои првите два биле затворени во декември 1941, додека останатите три биле активни сè до крајот на војната. Стара Градишка, односно Јасеновац V исто така држел жени и деца како затвореници. Логорот во Циглана, односно Јасеновац III, бил главно место за убивање и претставувал логор на смртта, со стапка на морталитете од 88%, што било повисокот од стапката на морталитет на Аушвиц од 84.6%.[47] Печката која се наоѓала во цигланата била претворена во крематориум, а според сведочења, некои луѓе, вклучувајќи и деца биле запалени живи и мирис на човечко месо почнал да се шири во кампот.[48] Лубуриќ изградил гасна комора во Јасеновац V, каде голем број на затвореници биле убивани со сулфур диоксид и Зиклон Б, но овој метод бил прекинат поради слабата конструкција.[49] И покрај ваквите методи, голем број затвореници умреле од прегладнување, болести (вклучувајќи тифус), напади со палки, секири, отров и ножеви.[49] Направата наречена srbosjek (хрватски за „сечач на Срби“) била ракавица на која била прикажан нож кој бил осмислен за сечење на грла.[49] Големи групи луѓе биле убивани при пристигнување и телата биле фрлани во реки надвор од логорите.[49] За разилка од германските логори, Јасеновац специјализирал во брутални насилства изрвшенин еден на еден, за време на кои стражарите ги напаѓале бараките со оружја и се отстранувале од телата во ендеци.[49] Според историчарите во еден германски извор: „Дури и германските офицери и луѓето од Шуцштафел биле потресени кога ги виделе методите [на Усташите]“.[50]

Командантот на логор Мирослав Филиповиќ, наречен fra Sotona (хрватски: „брат на ѓаволот“) и „персонификација на злото“, удавил српска жена и деца со потопување на подрум.[49] Филиповиќ и други команданти на логори (како Динко Шакиќ и неговата жена Нада Шакиќ), користеле различни начини на насилство.[49] Биле одржувани натпревари за сечење на грлата на Срби, во кои стражарите се обложувале за тоа кој може да убие повеќе затвореници. Било објавено дека стражарот Петар Брзица, кој исто така бил и францискански свештеник победил на натпреварот одржан на 29 август 1942 откако им ги исекол грлата на 1,360 затвореници.[51] Затворениците биле врзувани и удирани по глава со палки и биле фрлани полуживи со кранот во Граник во реките.[52] Откако Партизаните и Здружените сили почнале да победуваат кон крајот на војната, Усташите започнале масивна ликвидација кај Јасеновац, во која убивале жени и деца и пукале во остатокот од машките затвореници. Тоа било проследено со палење на зградите и документите и бегство.[53] Многу затвореници биле жртви на силувања, сексуално унакажување и вадење на црева, а некои од затворениците биле приморани и на канибализам.[54][55][56][57][58] Некои од затворениците исто така сведочеле и за тоа дека била пиена крвта од исечените грла на жртвите и умрените тела биле користени за создавање сапуни .[59][56][58][60]

Споменик на гробницата кај Мирогој во Загреб посветена на децата од Козара кои умреле во концентрационите логори на Усташите

Концентрациони логори за деца[уреди | уреди извор]

НДХ била единствената марионетска држава на Силите на Оската која изградила логори наменети за деца.[6] Специјални логори за деца биле тие кај Сисак, Ѓаково и Јастребарско,[61] додека во Стара Градишка биле држени илјадници деца и жени.[47] Историчарот Томислав Дулиќ објаснува дека систематското убиство врз деца, кои не можеле да бидат закана за државата било пример за тоа дека масовните убиства извршувани од страна на Усташите биле од геноциден карактер.[62] Холокаустот и преживеаните на геноцидот, вклучувајќи го и Божо Шварц, сведочеле за тоа дека Усташите им ги сечеле рацете на децата и „ставале течност на нивните усни“ по која децата умирале.[33] Командантот на кампот во Сисак, докторот Антун Најжер, бил наречен „хрватскиот Менгеле“ од страна на преживеаните.[63] Дијана Будисављевиќ, хуманитарка со автриско потекло, спровела спасувачки операции со кои спасила повеќе од 15,000 деца од логорите на Усташите.[64][65]

Масакри[уреди | уреди извор]

Податотека:Ustaše sawing off the head of a Serb civilian.jpg
Усташи ја сечат главата на српскиот жител, Бранко Јунгиќ

Голем број на масакри биле извшени од страна на Хрватските домобрани, вооружените сили на НДХ и усташката милиција. Усташката милиција била организирана во 5 (подоцна 15) батаљони од 700 мажи, два батаљони за одржување на безбедноста на железничките станици, елитата Црна легија и Поглавник Телохранителски Батаљон (подоцна преименуван во Бригата). Овие мажи биле регрутирани од необразуваната и работната класа.

Во летото во 1941, усташката милиција и смртоносниот ескадрон запалиле цели села и убиле илјадници Срби цивили користејќи оружја и алатки. Цивили биле претепувани до смрт, фрлани живи во дупки и бездни или палени во црвки.[26] Некои српски села близу Сребреница и Озрен биле целосно масакрирани додека некои деца биле најдени забодени на колци во села близу Власеница и Кладањ.[66] Некои нацистички командири биле шокирани од свирепоста и садизмот на усташите.[67] Според репорт на Гестапо од 17 февруари 1942 до Хајнрих Химлер, бил рајсфурерот на Шуцштафел, било напишано:

Зголемената активност на банди [од бунтовници] е главно поради грозоморните дела извршени од страна на усташките единици во Хрватска против православното население. Усташите ги извршувале нивните дела на ѕверски начин не само против мажи кои се доволно стари да бидат регрутирани како војници, туку особено врз стари и беспомошни лица, жени и деца. Бројот на православни кои Хрватите ги масакрирале и садистички ги измачувале до смрт е околу триста илјади.[68]

Професорот Чарлс Кинг нагласил дека концентрациските логори почнале да ја губат нивната улога во истражувањата коишто се случувале за време на Холокаустот поради огромната популација на жртви кои умреле во масовни убивања, дупки и бездни. Исто така објаснил дека соработниците на Германците, вклучувајќи ги и хрватските соработници, исто така извршиле елиминација на малцинствата во селата и градовите.[69]

Централна Хрватска[уреди | уреди извор]

На 28 април 1941, околу 184–196 Срби од Бјеловар биле убиени, по издавањето на наредби за апсење од Кватерник. Тоа претставувало првиот чин на масовно убивање извршен од усташите откако дошле на власт и ја предвидело пошироката кампања на геноцид врз Србите во НДХ којашто траела до крајот на војната. Неколку дена по убивањето на Србите од Бјеловар, Усташите опколиле околу 331 Срби во селото во Оточац. Жртвите биле принудени да си ги ископаат своите гробови и потоа биле убиени со секири. Меѓу жртвите се нашол и локалниот православен свештеник и неговиот син, кои биле убиени свирепо..[70]

Помеѓу 29 и 31 јули 1941, 280 Срби биле убиени и фрлени во бездни во близина на Костајница.[71] Голем масакар исто така бил извршен и во Старо Село Топуско,[72] Војишница[73] и Вргинмост[74] Околу 60% од жителите на Садиловац ги загубиле своите животи за време на војната.[75] Повеќе од 400 Срби биле убиени во нивните домови, вклучувајќи и 185 деца.[75] На 31 јули 1942, во црквата во Садиловац, по наредба на Милан Месиќ, усташите убиле повеќе од 580 жители на соседните села, вклучувајќи и 270 деца.[76]

Глина[уреди | уреди извор]

На 11 или 12 мај 1941, 260–300 Срби биле внесени во православна црква и пукани, по што црквата била запалена. Идејата за овој масакар дошла од Мирко Пук кој бил министер за правда на НДХ.[77] На 10 мај, Ивица Шариќ, кој специјализирал во такви операции допатувал до градот Глина за да се сретне со локалното усташко управништво каде што напишале список со имиња на сите Срби кои биле помеѓу шеснаесет и шеесет години кои требало да бидат уапсени.[78] По долга дискусија, тие одлучиле дека сите уапсени требало да бидат убиени.[79] Голем дел од Србите во градот слушнале за ваквите планови, но поголемиот дел од нив не избегале. На вечерта на 11 мај, започнале масовни апсења на машки Срби кои биле постари од 16 години.[79] Усташите потоа ги внеле ваквите групи во православна црква и побарале документи од Србите во кои барале потврди дека тие ја смениле верата во Католицизам. Србите кои не поседувале сертификати за промена на верата биле заклучени и масакрирани.[70] Црквата потоа била запалена, оставајќи ги телата да изгорат внате додека Усташите чекале надвор за да пукаат во преживеаници кои пробувале да избегаат од огнот.[80]

Сличен масакар на Срби се случил на 30 јули 1941 година. 700 Срби биле собрани во црква со цел да им биде сменета верата. Жртвите биле убиени со селење на нивните грла, а некои биле усмртени со удаари по глава со пушки. Помеѓу 500–2000 други Срби потоа биле масакрирани во соседните села од страна на силите на Вјекослав „Макс“ Лубуриќ, продолживајќи сè до 3 август. За време на овие масакри биле убивани машки деца постари од 16 години.[81] Само еден од жртвите преживеал преправајќи се дека е мртов и тоа бил Љубо Једнак.

Лика[уреди | уреди извор]

На 6 август 1941, Усташите убиле и запалиле повеќе од 280 селани во Малква, вклучувајќи 191 деца.[82] Помеѓу јуни и август 1941, околу 890 Срби од Личко Петрово Село и Мелиновац биле убиени и фрлени во бездната Делиќ.[83]

За време на војната, Усташите масакрирале шовеќе од 900 Срби во Дивосело, повеќе од 500 во Смиљан и мовеќе од 400 во Широка Кула близу Госпиќ.[84] На 2 август 1941, усташите заробиле околу 120 деца и жени и 50 мажи кои пробале да избзегаат од Дивосело. После неколку дена поминати во затвореништво кадешто жените биле силувани, тие биле прободени во групи и фрлени во бездни.[85]

Славонија[уреди | уреди извор]

Куќата на Сава Шумановиќ во Шид. Шумановиќ бил измачуван и убиен заедно со 150 други граѓани

На 21 декември 1941, околу 880 Срби од Дуго Село Ласињнско и Пркос Ласињнски биле убиени во шумата Брезје.[86] На Српска Нова Година, 14 јануари, било извршено најголемото убиство врз цивили во Славонија. Цели села биле изгорени, 350 луѓе биле депортирани во Воќин и убиени.[87]

Сирмија[уреди | уреди извор]

Во август 1942, заедничката воена анти-партизанска операција во Сирмија на Усташите и германскиот Вермахт се претворила во масакар и биле убиени околу 7,000 Срби.[88] Помеѓу убиените бил и познатиот сликар Сава Шумановиќ, кој бил уапсен заедно со 150 жители на Шид. Тој потоа бил измачуван со тоа што му биле исечени рацете.[89]

Босанска Крајина[уреди | уреди извор]

Во август 1941 на православниот празник Свети Илија, кој претставува светец-заштитник на Босна и Херцеговина, помеѓу 2,800 и 5,500 Срби од Сански Мост и околината биле убиени и фрлени во дупки кои биле ископани од самите жртви.[90]

За време на војната, вооружените сили на НДХ убиле повеќе од 7,000 Срби во општината Козарска Дубица, додека општината загубила повеќе од половина од својата популација пред војната.[91] Масакр бил извршен од страна на Хрватското домобранство во јануари 1942, кога во селото Драксениќ биле запалени и убиени повеќе од 200 луѓе.[92]

Во февруари 1942, Усташите под водство на командата на Мирослав Филиповиќ масакрирале 2,300 возрасни и 550 деца во селата Дракулиќ, Мотике и Шарговац кои биле населени претежно од Срби.[93]

Гаравице[уреди | уреди извор]

Меморијален парк во Гаравице

Од јули до септември 1941 година, илјадници Срби биле убиени заедно со Евреи и ромски жртви во Гаравице, камп за убиство во близина на Бихаќ. На вечерта на 17 јуни 1941, Усташите започнале со масивни убиства на Србите кои претходно ги заробиле и ги довеле со камиони од соседните градови на Гаравице.[94] Телата на жртвите биле фрлени во масовни гробови. Крвта која истекла го загадила водниот систем во околината.[95]

Херцеговина[уреди | уреди извор]

На 9 мај 1941, околу 400 Срби биле собрани од околните села и убиени во дупка зад училиштето во селото Благај.[96] Од 4–6 август 1941, 650 жени и деца биле убиени со тоа што биле фрлени во бездната Голубинка во близина на Шурманци.[33][97] Исто така, рачни гранати биле фрлени врз мртвите тела.[97] Околу 4000 Срби подоцна биле масакрирани во околните села тоа лето.[33]

Во Ливањско Поле Усташите убиле повеќе од 1,200 Срби вклучувајќи и 370 деца.[98] Во Шумата Копривница, во близина на Ливно, околу 300 граѓани биле измачувани и убиени.[98] Околу 300 деца, жени и стари луѓе биле убиени и фрлени во бездната Равни Долац во Доњи Рујани.[99]

Дрина[уреди | уреди извор]

Околу 70-200 Срби биле масакрирани од муслиманската фракција на Усташите во Рашица Гах, Власеница во Босна и Херцеговина помеѓу 22 јуни и 20 јули 1941, откако ги силување жените и девојчињата.[100] Голем број Срби биле убиени од Усташите во Подриње, особено во околината на Вишеград.[33] Црната легија на Јуре Францетиќ убила илјадници босански Срби и ги фрлила нивните тела во реката Дрина.[101] Во 1942, околу 6,000 Срби биле убиени во Стари Брод во близина на Рогатиа и Милошевиќи.[102][103]

Сарајево[уреди | уреди извор]

За време на летото 1941, усташката милиција привремено затворила и убила групи на српски Сараевчани.[104] Во август 1941, уапсиле околу стотина Срби за кои се сомневале дека се поврзани со армиите на отпорот. Поголем дел од овие граѓани биле црковни службеници и членови на интелегенција и тие биле убиени или депортарани во концентрациони логори.[104] Усташите убиле најмалку 323 луѓе во Вила Лубуриќ, мосте кое слулжело за измачување и убивање на уапсени Срби, Евре и политички противници.[105]

Прогон и етничко чистње[уреди | уреди извор]

Прогонувањето било една од главните цели на усташкиот план да создадат чиста хрватска држава.[33] Првите кои биле приморани да напуштат биле војниците од македонскиот фронт во Првата светска војна кои живееле во Славонија и Сирмија.[33][106] Во средината на 1941, 5,000 Срби биле избркани во Србија окупирана од Германците.[33] Главниот план бил прво да се депортираат главните луѓе со цел нивните имоти да бидат национализирани и остатокот од Србите полесно манипулирани. Кон крајот на септември 1941, околу половина од српските православни свештеници, чиј број изнесувал 335, биле избркани.[107]

Дрина е границата помеѓу истокот и западот. Волјата на Бог ни ја даде силата да ја браниме нашата граница, за која нашите сојузници се свесни и ја ценат поради тоа што со векови докажавме дека сме добри чувари на граници.[33]

— Миле Будак, министер на владата на НДХ, август 1941.

Приврзаниците на идеите за прогон сметале дека тоа е непотребна мерка за создавањето на функционална национална држава и исто така ги рационализирале ваквите планови споредбено со размената на населението од 1923 помеѓу Грција и Турција.[108] Усташите поставиле логори со цел да соберат голем број луѓе и да ги депортираат.[33] Владата на НДХ исто така ја формирала и канцеларијата за Колонизација со цел да ги врати Хрватите на териториите кои тие ги поседувале.[33] За време на летото во 1941 година, прогонот бил извршен со значителна поддршка од страна на месното население.[109] Голем број претставници на локалните елити, вклучувајќи ги и босанските Муслимани во Босна и Херцеговина и Германците во Славонија и Сирмија, одиграле активна улога во протерувањето.[110]

Се пресметува дека околу 120,000 Срби биле депортирани од НДХ во Србија окупирана од Германците и околу 300,000 избегале до 1943.[2] Кон крајот на јули 1941 според германските власти во Србија, 180,000 Срби избегале од НДХ во Србија а кон крајот на септември од истата година, таа броја надминала 200,000. Во истиот период, 14,733 луѓе биле легално преместени од НДХ во Србија .[106] Во октомври 1941, организираната миграција била прекината поради тоа што германските власти во Србија забраниле понатамошна имиграција на Србите. Според документацијата на Комесаријатот за Бегалци и Имигранти во Белград, во 1942 и 1943 нелегални преселби на личности од НДХ во Србија сè уште постоеле и нивниот број достигнал приближно 200,000 иако ваквите бројки не се целосни.[106]

Менување на религијата[уреди | уреди извор]

Група српски цивили присилно ја менуваат верата во Глина.

Усташите ги сметале верата и националноста тесно поврзани; додека римокатолицизмот и исламот (босанските муслимани биле сметани за Хрвати) биле признаени како национални вери во Хрватска, православноста биле сметана за некомпатибилна со хрватскиот државен проект.[111] Тие гледале на православноста како непријателска затоа што била идентификувана како српска.[112] На 3 мај 1941, бил донесен закон за менување на верата со што Србите биле приморани да станат католици и со тоа да прифатат хрватски идентитет.[111] Ова се случило вечерта кога Павелиќ се сретнал со Папата Пиус XII во Рим.[113] Католичката црква во Хрватска, предводена од архиепископот Алојзие Степинац, го прифатила овој закон и почнала да го спроведува во внатрешноста на црквата.[113] Терминот „српска православност“ била забранета во средината на мај како некомпатибилна со наредбите на државата и почнал да се користи терминот „источна грчка вера“.[114] Кон крајот на септември 1941, половина од српското православно свештенство, односно околу 335 свештеници биле избркани.[107]

Усташкото движење е засновано на вера. Поради тоа, нашите дела потекнуваат од нашата посветеност на верата и на римокатоличката црква.

— Главниот идеолог на усташкото движење Миле Будак, 13 јули 1941.[115]

Пропагандата на Усташите го легитимизирала прогонот како дел од препирките помеѓу католиците и православните за тоа која претставува доминантна религија во Европа, а со тоа се прифатила католичката интолеранција кон поделеноста.[112] По српските бунтови кои се појавиле како резултат на свирепите акции на Усташите, вклучувајќи терор, убиства и депортација, државниот директорат за регенерација започнал програма во есента 1941 година чија цел била масовно присилно менување на верата на Србите.[112] Веќе во летото, Усташите ги затвориле или ги уништиле поголемиот број од српските православни цркви и манастири и ги депортирале, затвориле и убиле православните свештеници и епископи.[112] Промената значела да се похрвати и целосно да се уништи српската православна црква.[112] Римокатоличкиот свештеник Крунослав Драгановиќ тврдел дека верата на многу католици била сменета во православна во 16-от и 17-от век што подоцна станало основа за програмите на менување на верата на Усташите.[116][117]

Ватикан не се противел на ваквите присилни менувања на верата. На 6 февруари 1942, Папата Пиус XII приватно пречекал околу 206 членови на Усташите во униформи и ги благословил со што симболички ги прифатил нивните чинови.[118] На 8 февруари 1942, Русиновиќ изјавил дека Светата Столица се радуваla на принудните менувања на религијата.[119] Во писмо до кардиналот Лујџи Маљоне на 21 февруари 1942, секретарот на Светата Столица ги поттикнал хрватските бискупи да го забрзаат процесот, а препорачал терминот „православни“ да се замени со „отпадници и поделеници“.[120] Голем број католички свештеници им се придружиле на усташите и ја благословите нивната работа, земајќи учества во убиства и менувања на верата.[121]

Во 1941–1942,[122] околу 200,000[123] или 240,000[124]–250,000[125] Срби биле принудно католизирани, иако поголемиот дел од нив го практикувале католицизмот само привремено.[123] Некои од верските преобразеници биле убивани, често во истите цркви каде што биле прекрстувани.[123] 85% од српското православно свештенство било убиено или прогонето.[126] Во Лика, Кордун и Банија, 172 српски православни цркви биле затворени, уништени и опљачкани.[114] На 2 јули 1942, била воспоставена Хрватската православна црква со цел да се заменат институциите на српската православна црква,[127] откако принудното менување на верата станало контроверзно.[111]

Според Енциклопедијата на Холокаустот бискупите кои се сретнале во Загреб во ноември 1941 година не биле спремни да го осудат принудното менување на верата на Србите кое се случило во летото во 1941 и не ги осудила протерувањата и убиствата на Србите и Евреите.[128] Голем број католички свештеници во Хрватска ги прифатиле нападите на Усташите врз српската православна црква,[129] и католичката хиерархија не објавила никакво јавно или приватно осудување на ваквите криминали.[130] Всушнот, хрватската католичка црква и Ватикан гледале врз полисите на Усташите врз Србите како погодни за римокатолицизмот.[131]

Список на убиени главни свештеници на српската православна црква[уреди | уреди извор]

Светите мошти на Платон Јовановиќ во Црквата Света Троица, Бања Лука

Свештеници и митрополити од српската православна црковнка епархија во НДХ биле напаѓани за време на верските прогони:[132]

  • Сава Трљајиќ, епископ на епархијата на Горњи Карловац - измачуван и убиен во 1941
  • Платон Јоановиќ - епископ на епархијата на Бања Лука - измачуван и убиен во 1941
  • Петар Зимоњиќ, митрополитанот на митрополитот во Дабар-Босна — измачуван и убиен во 1941
  • Доситеќ Васиќ, митрополитанот на митрполотитот во Загреб и Љубљна — умрел во 1945 како резултат на раните од измачувањата извршени од Усташите, пред да биде избркан во Србија
  • Никола Јовановиќ, бискуп на Епархијата на Захумље и Херцеговина — умрел во 1944, откако бил претепан од усташите и испратен во Србија
  • Иринеј Ѓорѓевиќ, бискуп на Епархијата во Далмација — затворен во Италија

Улогата на Алојзие Степинац[уреди | уреди извор]

Кардиналот Алојзие Степинац служел како архиепископ на Загреб за време на Втората светска војна и ја ветил својата верност на НДХ. Академиците уште дебатираат за тоа колку Степинац бил замешан со режимот на усташите.[33] Марк Биондич изјавил дека Степинац не бил „силен приврзаник“ на режимот на усташите и не ја прифаќал секоја негова полиса, но исто така не бил „отворен непријател“ кој ги осудувал нивните криминални дела на системски начин.[133] Додека некои од свештениците извршиле воени злодела во име на католичката црква, Степинац бил претпазливо колеблив.[134][33] На почетокот бил еден од приврзаниците на идејата за создавање на католичка Хрватска, но почнал да се двоуми и да го негодува мандатот за присилно менување на верата.[33]

Последици[уреди | уреди извор]

Југословенските комунистички водичи не го пријавиле логорот во Јасеновац како што било направено со останатите европски концентрациони логори, поради односите меѓу Србите и Хрватите. Според нив, етнички тензии коишто биле резултат на војната можеле да доведат до дестабилиација на новиот комунистички режим и пробале да ги прикријат воените злодела и етничките загуби.[34] Владата на Тито почнала да го шири концептот на „братство и единство“ на народите.[135] Тито бил поканет и поминал околу Јасеновац неколкупати, но никогаш сам не го видел местото.[136] Геноцидот не бил добро истражен по војната поради тоа што југословенската комунистичка влада не поттикнувала независни академици.[137][138][139][140] Историчарите Марко Атила Хоаре и Марк Биондич напишале дека историчарите од Западот не обратиле многу внимание на геноцидот извршен од страна на Усташите додека други академици го опишале како помалку добро познат геноцид.[33][141][142] Втората светска војна и етничките конфликти кои се појавиле во тој период се сметале за инструментални во подоцнежните југословенски војни (1991–95).[143]

Судења[уреди | уреди извор]

Миле Будак и неколку друге членови на владата на НДХ, како Никола Мандиќ и Јулије Маканец биле осудени за велепредавство и воени злосторства од страна на комунистичката југословенска партија на СФР Југославија. Голем број од нив биле убиени.[144][145] Мирослав Филиповиќ, командантот на логорите во Јасеновац и Стара Градишка, бил обвинет за воени злосторства, осуден на смрт и обесен.[146]

Голем број виновни избегале главно во Латинска Америка, вклучувајќи го и водичот Анте Павелиќ. Некои емиграции биле спречени од страна на Операција Гвардијан, во која Љубо Милош, командирот на логорот во Јасеновац бил уапсен и убиен.[147] Архиепископот Алојзие Степинац бил обвинет за велепредавство и присилно менување на верата на православци во католици.[148]

За време на Судењето во Талач, воениот трибунал на Нирнберг заклучил дека НДХ не била суеверено тело кое можела да извршува чинови без наредби на германските воени сили и покрај тоа што биле признаена како независна држава од страна на Силите на Оската.[149] Според трибуналот, Конвенцијата за спречување и казнување на геноцидните злодела не биле уште функционални тогаш, туку на 9 декември 1948 и 12 јануари 1951 од Генералното собрание на обединетите нации.[150][151]

Андрија Артуковиќ, министерот за внатрешни работи и правда на НДХ кој потпишал неколку расни закони, избегал во САД по војната и бил повторно вратен во Југославија во 1986 година, кога бил осуден во судот во Загреб и обвинет за масовни убиства во НДХ.[152] Аруковиќ бил осуден на смрт, но одлуката не била извршена поради лошата состојба на неговото здравје и староста.[153] Ефраим Зуроф, ловец на нацисти, играл голема улога во фаќањето на Динко Шакиќ кој бил уште еден командир на кампот во Јасеновац за време на 1990-те.[154] По притисокот на меѓународното здружение врз десничарскиот претседател Фрањо Туѓман, тој побарал Шакиќ да се екстрадира и бил суден во Хрватска на 78 годишна возраст. Бил обвинет за воени злодела и злодела врз човештвото и му била дадена казна од 20 години затвор. Според експертите во човечки права Ерик Стовер, Виктор Пескин и Алекса Куниг овој случал претставувал „најбитниот напор после ладната војна да се осуди осомничен за злодела за време на нацистичкиот режим во поранешна источноевропска комунистичка држава“.[154]

Глувчешки канали, тероризам и убиства[уреди | уреди извор]

Со ослободувањето на Југославија од страна на партизаните, многу усташки водичи избегале во заводот на светиот Јероним близу Ватикан.[53] Католичкиот свештеник и Усташ Крунослав Драгановиќ ги предводел бегалците од Свет Јероним.[53] Американскиот стејт департман и контраразузнавачките тела им помогнале на криминалците да избегат и му помогнале на Драгановиќ (кој подоцна работел за американската интелигенција) при испраќањето на Усташите надвор од државата.[53] Драгановиќ исто така го организирал летот на функционерот на Гестапо Клаус Барби.[53] Многу од тие коишто биле виновни за масивните убиства во НДХ нашле прибежиште во Јужна Америка, Португалија, Шпанија и САД.[53] Лубуриќ бил убиен во Шпанија во 1969 од страна на агент на УДБА; Артуковиќ живеел во Ирска и Калифорнија сè до неговата екстрадиција во 1986 година и природната смрт која му се случила додека бил во затвор; Динко Шакиќ и неговата жена живееле во Аргентина додека не биле екстрадирани во 1998, по што Шакиќ умрел во затвор а неговата жена била ослободена.[53]

Помеѓу некои од луѓето од хрватската дијаспора, Усташите биле сметани за херои.[53] Терористички групи од дијаспората (како Хрватско Револуционерно Братство и Хрватски државен отпор) извршувале атентати, бомбирања и грабнувања на авиони за време на периодот на Југославија.[155]

Контроверзија и негирање[уреди | уреди извор]

Ревизија на историјата[уреди | уреди извор]

Некои Хрвати, вклучујаќи и политичари, имаат направено обиди да ја намалат големината на геноцидот извршен врз Србите во Независна Држава Хрватска.[156] Историчарката Мирјана Касаповиќ заклучила дека има три главни стратегии за менување на историјата во хрватската историографија: НДХ била држава која служела како нормална држава против бунтот којшто се појавил; во НДХ не биле извшени масовни убиства, особено не геноцид; кампот во Јасеновац бил работен а не камп за масовно убиство.[142]

Во 1989, идниот претседател на Хрватска, Фрањо Туѓман го прифатил хрватскиот национализам и ја објавил книгата Хоророт на Војната: Историска Реалност и Филозофија, во која се става под знак прашалник вистинската бројка на жртви убиени од страна на Усташите за време на Втората светска војна. Во неговата книга, Туѓман тврди дека помеѓу 30,000 и 40,000 умреле во Јасеновац.[157] Некои академици го обвиниле Туѓман за расистички коментари со кои тој „користи идеи поврзани со движењето на Усташите“. Тој исто така бил обвинет за поставување на поранешни усташки официјалци на политички и воени позиции и за намалување на бројот на жртви во НДХ.[158][159][160][161][162]

Од 2016, антифашистички групи, водичи на српските, ромските и еврејските здруженија на хрватска и поранешни хрватски службеници ја бојкотирале комеморацијата на жртвите на кампот во Јасеновац поради тоа што хрватските власти одбиле јавно и експлицитно да ја осудат оставнината на усташите и ги намалиле криминалните дела извршени од Усташите.[163][164][165][166]

Уништување на споменици[уреди | уреди извор]

По добивањето независност, околу 3,000 споменици посветени на антифашистичкиот отпор и на жртвите на фашизмот биле уништени.[167][168][169] Според здружението на хрватските ветераните од Втората светска војна, ваквите уништувања не биле спонтани туку планирани и извршени од страна на хрватската демократска унија, државата и црквата.[167] Статусот на Јасеновац бил деградиран во природен парк и парламентот ги намалил фондовите кои оделе за него.[170] Во септември 1991, хрватските воени сили влегле на спомен-местото во Јасеновац и вршеле вандалство врз музејската зграда, а изложбите и документите биле уништени и украдени.[168] Во 1992, ФР Југославија испратила формален протест до Обединетите Нации и УНЕСКО, предупредувајќи ги за уништувањето на меморијалниот комплекс.[168] Европската комисија која го посетила центарот ги потврдила штетите.[168]

Комеморација[уреди | уреди извор]

Изложба посветена на жртвите од Јасеновац, Бања Лука

Израелскиот претседател Моше Катсав го посетил Јасеновац во 2003. Неговиот следбеник Шимон Перес, им оддал почит на жртвите на логорот при неговата псета на Јасеновац на 25 јули 2010 и положил венец на споменикот. Перес ги нарекол злоделата на Усташите „демонстрација на целосен садизам“.[171][172]

Меморијалниот музеј Јасеновац повторно се отворил во ноември 2006 со нова изложба осмислена од хрватскиот архитект, Хелена Павер Њириќ и образовниот центар осмислен од фирмата Продукција. Меморијалниот музеј содржите голем број видеа, проекции и артифакти од логорот. Над изложбата исто така испишани се и имињата на жртвите.[173]

Одделот за паркови на Њујорк Сити, Комитетот за паркови на Холокаустот и научниот институт Јасеновац, со помош на Конгременот Ентони Вејнер, подигнале јавен споменик на жртвите на Јасеновац во април 2005 на шеснаесеттата годишнина од ослободувањето на логорите. На церемонијата биле присутни десет југословенски преживеани на Холокаустот, како и дипломатите од Србија, Босна и Израел. Останува единствениот споменик за жртвите од Јасеновац кој е надвор од Балканот.

Меморијален музеј на жртвите од масакрот во Стари Брод, Рогатица

Во денешно време, на 22 април, годишнината на бегањето на затворениците од логорот во Јасеновац, Србија го слави националниот ден за сеќавање на холокаустот, геноцидот на Втората светска војна и жртви на останати фашистички злодела, додека Хрватска одржува официјална комеморација кај Јасеновац.[174] Србија и босанското тело Република Српска одржуваат заедничка централна комеморација кај меморијалната зона Градина Доња.[175]

Во 2018, изложба насловена „Јасеновац - право на сеќавање“ била одржана на седиштето на Обединетите Нации во Њујорк Сити во склоп на Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот, со главна цел да се зголеми културата на сеќавање на Срби, Евреи, Роми и други антифашистички жртви и на геноцидот во Јасеновац.[176][177] На 22 април 2020, претседателот на Србија Александар Вучиќ извршил официјална посета на меморијалниот парк во Сремска Митровица, посветен на жртвите на геноцидот на територијата на Сирмија.[178]

Комеморативни церемонии посветени на жртвите на концентрациониот логор во Јадовно биле организирани од страна на српскиот народен совет, еврејската заедница во Хрватска и локалните анти-фашистиод 2009, додека 24 јуни бил назначен како ден за сеќавање на логорот во Јадовно во Хрватска.[175] На 26 август 2010, 68-та годишнина од ослободувањето на логорот за деца во Јастребарско, жртвите биле комеморирани на споменик на гробиштата кај Јастребарско. На настанот учествувале 40 луѓе, главно членови на сојузот за антифашистичките борзи и анти-фашистите на Република Хрватска.[179] Владата на Република Српска одржува комеморација на меморијалната локација за жртвите од масакри на усташите во Долината на Дрина.[103]

Култура[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

Уметност[уреди | уреди извор]

Илустрација на Златко Прица и Едо Муртиќ со стиховите на песната „Jama“ од Ковачиќ

Театар[уреди | уреди извор]

  • „Голубњаќа“, драма на Јован Радуолвиќ за меѓуетничките односи на соседни села за време на дејствувањето на усташите[180]

Филмови[уреди | уреди извор]

Серии[уреди | уреди извор]

  • 1981 – Непокорениот град, тв серија за воениот поход на Усташите, вклучувајќи го и кампот во Керестинац, режиран од Ванча Кијаковиќ и Едуард Галиќ

Музика[уреди | уреди извор]

  • Некои преживеани тврдат дека текстот на познатата песна „Ѓурѓевдан“ била напишана на возот кога затвореници од Сараево биле пренесувани во кампот во Јасеновац.[181]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Goldstein 1999, стр. 158.
  2. 2,0 2,1 Ramet 2006, стр. 114.
  3. Baker 2015, стр. 18.
  4. Bellamy 2013, стр. 96.
  5. Pavlowitch 2008, стр. 34.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 Yeomans 2012, стр. 18.
  7. „Genocide of the Serbs“. The Combat Genocide Assoication. Посетено на 15 јуни 2020.
  8. Fischer 2007, стр. ?.
  9. Tomasevich 2001, стр. 272.
  10. Kallis 2008, стр. 239.
  11. Payne 2006.
  12. Tomasevich 2001, стр. 466.
  13. „Deciphering the Balkan Enigma: Using History to Inform Policy“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2005-11-13. Посетено на 3 June 2011.
  14. Mojzes 2011, стр. 54.
  15. Jones, Adam & Nicholas A. Robins. (2009), Genocides by The Oppressed: Subaltern Genocide In Theory and Practice, p. 106, Indiana University Press; ISBN 978-0-253-22077-6
  16. Jacobs 2009, стр. 158-159.
  17. Shepherd 2012, стр. 78.
  18. Israeli 2013, стр. 45.
  19. Goldstein 1999, стр. 134.
  20. Weiss-Wendt 2010, стр. 148.
  21. Weiss-Wendt 2010, стр. 148-149, 157.
  22. Suppan 2014, стр. 32, 1065.
  23. Goldstein 1999, стр. 133.
  24. Tomasevich 2001, стр. 425.
  25. Ognyanova 2000, стр. 22.
  26. 26,0 26,1 Yeomans 2012, стр. 17.
  27. Fischer 2007, стр. 207–208, 210, 226.
  28. Fischer 2007, стр. 212.
  29. 29,0 29,1 Phayer 2000, стр. 31.
  30. 30,0 30,1 Barbier 2017, стр. 169.
  31. Kenrick 2006, стр. 92.
  32. Bloxham & Gerwarth 2011, стр. 111.
  33. 33,00 33,01 33,02 33,03 33,04 33,05 33,06 33,07 33,08 33,09 33,10 33,11 33,12 33,13 33,14 33,15 Levy 2009.
  34. 34,0 34,1 McCormick 2008.
  35. Yeomans 2015, стр. 132.
  36. Israeli 2013, стр. 51.
  37. Ramet 2006, стр. 312.
  38. Levy 2011, стр. 61.
  39. Fischer 2007, стр. 228.
  40. Yeomans 2012, стр. 16.
  41. Yeomans 2012, стр. 2.
  42. Levy 2011, стр. 69.
  43. Tomasevich 2001, стр. 726.
  44. Yeomans 2015, стр. 21, Pavlowitch 2008, стр. 34
  45. Yeomans 2015, стр. 3, Pavlowitch 2008, стр. 34
  46. Paris 1961, стр. 132.
  47. 47,0 47,1 Levy 2011, стр. 70.
  48. Levy 2011, стр. 70–71.
  49. 49,0 49,1 49,2 49,3 49,4 49,5 49,6 Levy 2011, стр. 71.
  50. Weiss Wendt 2010, стр. 147.
  51. Lituchy 2006, стр. 117.
  52. Bulajić 2002, стр. 231.
  53. 53,0 53,1 53,2 53,3 53,4 53,5 53,6 53,7 Levy 2011, стр. 72.
  54. Schindley & Makara 2005, стр. 149.
  55. Jacobs 2009, стр. 160.
  56. 56,0 56,1 Byford 2014.
  57. Lituchy 2006, стр. 220.
  58. 58,0 58,1 „The Extradition of Nazi Criminals: Ryan, Artukovic, and Demjanjuk“. Simon Wiesenthal Center. Посетено на 10 May 2020.
  59. Schindley & Makara 2005, стр. 42, 393.
  60. „Survivor Testimonies“ (PDF). Kingsborough Community College. Посетено на 10 May 2020.
  61. Bulajić 2002, стр. 7.
  62. Dulić 2006.
  63. Milekic, Sven (6 October 2014). „WWII Children's Concentration Camp Remembered in Croatia“. Balkan Insight. Balkan Investigative Reporting Network (BIRN). Посетено на 10 May 2020.
  64. Kolanović, Josip, уред. (2003). Dnevnik Diane Budisavljević 1941–1945. Zagreb: Croatian State Archives and Public Institution Jasenovac Memorial Area. стр. 284–85. ISBN 978-9-536-00562-8.
  65. Lomović, Boško (2014). Die Heldin aus Innsbruck – Diana Obexer Budisavljević. Belgrade: Svet knjige. стр. 28. ISBN 978-86-7396-487-4. Архивирано од изворникот на 2016-04-01. Посетено на 2020-06-13.
  66. Paris 1961, стр. 104.
  67. Yeomans 2012, стр. vii.
  68. Goñi, Uki. The real Odessa: Smuggling the Nazis to Perón's Argentina; Granta, 2002, p. 202. ISBN 9781862075818
  69. King 2012.
  70. 70,0 70,1 Cornwell, John (2000). Hitler's Pope: The Secret History of Pius XII. Penguin. стр. 251–252. ISBN 978-0-14029-627-3.
  71. Zatezalo 2005, стр. 228.
  72. Zatezalo 2005, стр. 132-136.
  73. Zatezalo 2005, стр. 79.
  74. Bulajić 1988–1989, стр. 254.
  75. 75,0 75,1 Zatezalo 2005, стр. 186.
  76. Zatezalo 2005, стр. 186-187.
  77. Goldstein 2013, стр. 127.
  78. Goldstein 2013, стр. 128.
  79. 79,0 79,1 Goldstein 2013, стр. 129.
  80. Singleton, Fred (1985). A Short History of the Yugoslav Peoples. Cambridge University Press. стр. 177. ISBN 978-0-52127-485-2.
  81. Locke, Hubert G.; Littell, Marcia Sachs (1996). Holocaust and Church Struggle: Religion, Power, and the Politics of Resistance. University Press of America. стр. 23. ISBN 978-0-76180-375-1.
  82. Zatezalo 2005, стр. 286.
  83. Zatezalo 2005, стр. 304.
  84. Zatezalo 1989, стр. 180.
  85. Perrone 2017.
  86. Zatezalo 2005, стр. 126.
  87. Škiljan 2010.
  88. Korb 2010b.
  89. Greif 2018, стр. 437.
  90. Mojzes 2011, стр. 75-76.
  91. Cvetković 2009, стр. 124-128.
  92. Barić 2019.
  93. Schindley & Makara 2005, стр. 362.
  94. Bergholz 2012, стр. 76–77.
  95. Bergholz 2012, стр. 76.
  96. Goldstein 2013, стр. 120.
  97. 97,0 97,1 Greer & Moberg 2001, стр. 142.
  98. 98,0 98,1 Bulajić 1992b, стр. 56.
  99. Bulajić 1988–1989, стр. 683.
  100. Hoare 2006, стр. 202–203.
  101. Yeomans 2011, стр. 194.
  102. Sokol 2014.
  103. 103,0 103,1 „Prime Minister Višković attends the commemorating ceremony in memory of the Serbs killed in Stari Brod and Miloševići in 1942“. Republic of Srpska Government. Архивирано од изворникот на 2021-06-24. Посетено на 12 May 2020.
  104. 104,0 104,1 Balić 2009.
  105. Yeomans 2015, стр. 24.
  106. 106,0 106,1 106,2 Škiljan 2012.
  107. 107,0 107,1 Tomasevich 2001, стр. 394.
  108. Weiss-Wendt 2010, стр. 149.
  109. Weiss-Wendt 2010, стр. 157.
  110. Weiss-Wendt 2010, стр. 150.
  111. 111,0 111,1 111,2 Ramet 2006, стр. 118.
  112. 112,0 112,1 112,2 112,3 112,4 Yeomans 2015, стр. 178.
  113. 113,0 113,1 Vuković 2004, стр. 431.
  114. 114,0 114,1 Ramet 2006, стр. 119.
  115. Paris 1961, стр. 100.
  116. Ramet 2006, стр. 126.
  117. Yeomans 2015, стр. 178-179.
  118. Vuković 2004, стр. 430.
  119. Vuković 2004, стр. 430, Rivelli 1999, стр. 171
  120. Vuković 2004, стр. 431, Dakina 1994, стр. 209, Simić 1958, стр. 139
  121. Mojzes 2011, стр. 64.
  122. Djilas 1991, стр. 211.
  123. 123,0 123,1 123,2 Mojzes 2011, стр. 63.
  124. Vuković 2004, стр. 431, Đurić 1991, стр. 127, Djilas 1991, стр. 211, Paris 1988, стр. 197
  125. Tomasevich 2001, стр. 542.
  126. Tomasevich 2001, стр. 529.
  127. Tomasevich 2001, стр. 546.
  128. Encyclopedia of the Holocaust, vol 1, p. 328.
  129. Tomasevich 2001, стр. 531.
  130. Tomasevich 2001, стр. 537.
  131. Tomasevich 2001, стр. 565.
  132. Velikonja 2003, стр. 170.
  133. Biondich 2006.
  134. Goldstein 2001, стр. 559.
  135. Mojzes 2011, стр. 47.
  136. Bulajić 2002, стр. 67.
  137. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име ushmm.
  138. Odak & Benčić 2016, стр. 67.
  139. Bürgschwentner, Egger & Barth-Scalmani 2014, стр. 455.
  140. Trbovich 2008, стр. 139.
  141. Biondich 2005.
  142. 142,0 142,1 Kasapović 2018.
  143. Kataria 2015, Mirković 2000, Krestić 1998, Dedijer 1992
  144. MARTINA GRAHEK RAVANČIĆ, Izručenja i sudbine zarobljenika smještenih u savezničkim logorima u svibnju 1945, Hrvatski institut za povijest, Zagreb, Republika Hrvatska.
  145. Nada Kisić Kolanović. "Politički procesi u Hrvatskoj neposredno nakon Drugoga svjetskoga rata", 1945 - Razdjelnica hrvatske povijesti, Zbornik radova sa znanstvenog skupa u Hrvatskom institutu za povijest u Zagrebu 1-6, svibnja 2006, pp. 75-97, see pg. 85; ISBN 978-1-59017-673-3.
  146. Ramet 2007, стр. 96.
  147. Adriano, Pino; Cingolani, Giorgio (2 April 2018). Nationalism and Terror: Ante Pavelić and Ustasha Terrorism from Fascism to the Cold War. Central European University Press. стр. 342–348. ISBN 978-963-386-206-3.
  148. Fine, John (2007). „Part 2: Strongmen can be Beneficial: the Exceptional Case of Josip Broz Tito“. Во Fischer, Bernd Jürgen (уред.). Balkan Strongmen: Dictators and Authoritarian Rulers of South Eastern Europe. Purdue University Press. стр. 284–285. ISBN 978-1-55753-455-2.
  149. Deutschland Military Tribunal 1950, стр. 1302–03.
  150. „Convention on the Prevention and Punishment of the Crime of Genocide“ (PDF). United Nations Audiovisual Library of International Law. Посетено на 27 April 2020.
  151. „Convention on the Prevention and Punishment of the Crime of Genocide“. United Nations Treaty Series. Архивирано од изворникот 20 October 2012. Посетено на 27 April 2020.
  152. Abtahi & Boas 2005, стр. 267.
  153. Ravlić 1997, стр. 12.
  154. 154,0 154,1 Stover, Peskin & Koenig 2016, стр. 135.
  155. Paul Hockenos (2003). Homeland Calling: Exile Patriotism & the Balkan Wars. Cornell University Press. ISBN 978-0-8014-4158-5.
  156. Drago Hedl (10 November 2005). „Croatia's Willingness To Tolerate Fascist Legacy Worries Many“. BCR Issue 73. IWPR. Посетено на 30 November 2010.
  157. Sindbaek 2012, стр. 178-179.
  158. Sadkovich 2010.
  159. Ciment & Hill 2012, стр. 492.
  160. Horvitz & Catherwood 2014, стр. 432-433.
  161. Parenti 2002, стр. 44-45.
  162. „Franjo Tudjman“. The Guardian. 13 December 1999. Посетено на 31 May 2020.
  163. „Dokle će se u Jasenovac u tri kolone?“. N1. 23 April 2017. Архивирано од изворникот на 2020-07-31. Посетено на 28 July 2019.
  164. „Jasenovac Camp Victims Commemorated Separately Again“. balkaninsight.com. 12 April 2019. Посетено на 28 July 2019.
  165. „Jewish and Serbian minorities boycott official "Croatian Auschwitz" commemoration“. neweurope.eu. 28 March 2017. Архивирано од изворникот на 2019-07-28. Посетено на 28 July 2019.
  166. „Former top Croat officials join boycott of Jasenovac event“. B92. 12 April 2016. Посетено на 28 July 2019.
  167. 167,0 167,1 Ramet 2007b, стр. 273.
  168. 168,0 168,1 168,2 168,3 Walasek 2016, стр. 84.
  169. Radonic 2013.
  170. Walasek 2016, стр. 83-84.
  171. „Israel's Shimon Peres visits 'Croatian Auschwitz'. EJ Press. 25 July 2010. Архивирано од изворникот на 2012-03-08. Посетено на 12 October 2012.
  172. „Israel's Peres visits Croatian Auschwitsz“. Mmedia. 25 July 2010. Архивирано од изворникот на 17 јуни 2020. Посетено на 12 October 2012.
  173. http://www.jusp-jasenovac.hr/Default.aspx?sid=6559
  174. „Obeležen Dan sećanja na žrtve Holokausta, genocida i drugih žrtava fašizma u Drugom svetskom ratu“. Ministry of Labour, Employment, Veteran and Social Policy (Serbia). Посетено на 27 April 2020.
  175. 175,0 175,1 „Minister honors Croatian WW2 death camp victims“. B92. Посетено на 11 May 2020.
  176. „United Nations Department of Public Information - 2018 Holocaust Remembrance Calendar of Events“. United Nations. Посетено на 11 May 2020.
  177. „Exhibition about Croat WW2 death camp to open at UN“. B92. Посетено на 11 May 2020.
  178. „Vučić u Sremskoj Mitrovici: Ne zaboravljamo genocid, ali promovišemo mir“. N1. Архивирано од изворникот на 2020-05-17. Посетено на 18 May 2020.
  179. „Prvi put obilježeno stradanje djece“. nezavisne.com. Nezavisne novine. 26 August 2010. Посетено на 12 May 2020.
  180. „Kraška jama usred Novog Sada“. Vreme. Архивирано од изворникот на 2020-06-13. Посетено на 18 May 2020.
  181. „Kvadratura kruga: Kako je nastala pesma Đurđevdan“. Radio Television of Serbia. Посетено на 18 May 2020.

Извори[уреди | уреди извор]

Книги[уреди | уреди извор]

Списанија[уреди | уреди извор]

Останати[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]