Генерален урбанистички план

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Графички дел на генералниот урбанистички план за Град Скопје. Со различните бои се претставени различните зони.

Генерален урбанистички план се донесува за градот Скопје и за градовите кои се седишта на општини утврдени со закон.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Генералниот урбанистички план содржи текстуален дел и графички приказ на планските решенија, како и нумерички дел со билансни показатели.[1]

Графички дел[уреди | уреди извор]

Дел од серија статии по

Просторен план на РМ
Генерален урбанистички план
Детален урбанистички план
Урбанистички план за село
Урб. план вон населено место
Архи.-урб. проект
Урбанистички проект

Министерство
Сектор за урбанизам

Останато

Историја на урбанизмот
Агенција за прос. планирање
Терминологија


Графичките прикази од ГУП-от содржат:

  • граница на планскиот опфат која претставува граница на градот,
  • граници на зони според намената на земјиштето и општиот режим на градење и употреба,
  • примарна сообраќајна мрежа со нивелманско решение,
  • примарни водови и градби од сите градски инфраструктури,
  • граници на урбани подрачја за детално планирање на просторот,
  • граници на споменички целини и други заштитени подрачја и
  • други податоци потребни за планските решенија.

Текстуален дел[уреди | уреди извор]

Текстуалниот дел од ГУП-от содржи:

  • цел и средства на планските решенија,
  • општи и посебни услови за просторен развој,
  • параметри за спроведување на планот,
  • плански услови за детално планирање на просторот,
  • стратешка процена на влијание врз животната средина,
  • мерки за заштита на културното наследство,
  • природата и животната средина,
  • мерки за заштита од разурнувања и
  • други податоци за планските решенија.

Нумерички дел[уреди | уреди извор]

Нумеричкиот дел на ГУП-от содржи:

Графички дел на генералниот урбанистички план за Делчево. Со различните бои се претставени различните зони.
  • нумерички податоци за површините на градежното земјиште,
  • наменска употреба на земјиштето во рамките на регулациона линија,
  • густината и површината на планираната изградба,
  • податоци за инфраструктурните водови и градби и
  • други податоци за планските решенија.

Податоците за постојната состојба, можностите за просторен развој и програмските проекции за просторниот развој претставуваат документациона основа на генералниот урбанистички план, која е прилог на планот.[1]

Генералните урбанистички планови во чиј плански опфат постојат споменици, споменички целини, културни предели и други заштитени добра со статус на културно наследство, треба да содржат детални параметри за заштита на недвижното културно наследство.

Методологија за донесување на ГУП[уреди | уреди извор]

Генералниот урбанистички план, се донесува врз основа на издадени услови за планирање на просторот согласно со закон.[1]

Извори[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Закон за просторно и урбанистичко планирање [1]