Гемиџии (навивачка група)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Гемиџии Гостивар)

Гемиџии — македонска навивачка група од Гостивар основана во 1991 година. Групата навива и ги поддржува КК „Маврово“ (порано „Никол Ферт“), ФК „Гостивар“ и останатите македонски спортски клубови од Гостивар. Членството на групата е составено исклучиво од Македонци од Гостивар, а името е преземено од познатите македонски солунски атентатори - Гемиџии. Логото на групата е препознатливиот симбол на македонските револуционери вкрстените пиштол и кама врз евангелие со натпис Гемиџии Гостивар. Позабележителни натпревари за оваа група ќе останат натпреварите од финалето на кошаркарската сезона 1999/00 кога КК „Никол Ферт“ од Гостивар го победи КК „Работнички“ од Скопје и ја освои кошаркарската титула, на овие натпревари салата Младост во Гостивар била преполна дури и со над 300 „Гемиџии“. Во поголема бројка Гемиџиите биле најчесто и на натпреварите против албанските спортски клубови од Гостивар и регоналните гостиварски спортски лиги каде што чести биле и инцидентите на натпреварите со албанските клубови. Гемиџиите денес се слабо активна навивачка група, а се во тесна соработка со Војводи Тетово и Чкембари Битола (особено во минатото на дерби натпреварите помеѓу Вардар и Пелистер),а исто така се редовни поддржувачи на Македонската фудбалска репрезентација на западната трибина со своите транспаренти и реквизити. Поради тоа што во Гостивар во последние години стивнаа спортските клубови особено кошаркарските, во последните години навивачката група Гемиџии од Гостивар e слабо активна.Само се очекува создавање на нова кошаркарска екипа и кам-бек на Гемиџиите.