Гелцшталски мост

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гелцшталски мост
центар|300x300пкс|Göltzschtalbrücke Воздушна снимка на Гелцшталскиот мост
Употреба: Железнички сообраќај
Местоположба: Округ Фогтланд

Sachsenграничник|18x18пкс|Sachsen Саксонија

Конструкција: Лачен мост
Целосна должина: 574 метри
Ширина: 7,93–23 метри
Број на отвори: 29 (во најгорниот дел)
Висина: 78 метри
Почеток на градбата: 31 мај 1846
Отворање: 15 јули 1851
Архитект: Јохан Андреас Шуберт

Гелцшталскиот мост во округот Фогтланд во Саксонија е најголемиот камен мост направен од тули во светот. Вијадуктот со вкупно 98 лакови се смета за обележје наФогтланд.

Гелцшталскиот мост на разгледница од 1856

Еден од најголемите предизвици за време на изградбата на железничката линија Лајпциг-Хоф, која се протега како Лајпциг преку Плауен и Хоф до Нирнберг било премостувањето на Гелцшката долина. Бидејќи саксонско-баварските железници располагале со малку пари, објавиле вест во сите големи германски весници дека оној што ќе изнајде евтин начин да го реши проблемот ќе добие награда од 1000 талири. Од 81 пристигнат предлог, никој не можел со статички пресметки да покаже дека нивното решение би можело да се справи со товарот на планираниот железнички сообраќај. Паричната награда затоа била поделена на четири предлози, но никој од нив не бил реализиран.

Шефот на комисијата што ги испитувала предлозите, професор Јохан Андреас Шуберт, потоа го искористил своето искуство со статички пресметки, особено во изградбата вијадуктот во Лојбниц во летото 1845 за да најде сопствено решение, притоа користејќи и замисли од испратените предлози. Поради ова, мостот станал првиот статички пресметан мост во светот. За изградбата како главен материјал била избрана тулата, што бил многу необичен избор за тоа време, но била брзо и евтино достапна во регионот.

Детали на мостот

Поставувањето на камен-темелникот се одржало на 31 мај 1846 година.

По завршувањето и пуштањето во употреба на 15 јули 1851 мостот станал највисокиот железнички мост во светот.

Панорамска фотографија сликана од мостот
Големината на мостот во споредба со автомобил