Прејди на содржината

Гевгелиски народноослободителен партизански одред „Сава Михајлов“

Од Википедија — слободната енциклопедија
партизански одред „Сава Михајлов“
Партизански одред „Сава Михајлов“
Активнамај 1943 - 24 септември 1943
БиткиНОБ

Гевгелиски народноослободителен партизански одред „Сава Михајлов“ е партизанска единица на НОВ и ПОМ.

Борбени дејности

[уреди | уреди извор]

Партизанскиот одред е формиран во текот на мај 1943 година на Кожуф од околу 50 луѓе од Гевгелија и од Богданци. На 17 мај го напаѓаат селото Радња, од каде конфискувале жито, што подоцна го разделиле меѓу селаните. Заедно со Тиквешкиот партизански одред спроведувале акции во Тиквешко, во периодот од 28 мај до 10 јуни 1943 година, во селата: Драгожел, Праведник, Шешково, Галиште, Голем Радобил и Мал Радобил. На 24 септември 1943 година овој партизански одред се приклучува кон баталјонот „Страшо Пинџур“.[1]

  1. Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 340.