Гаѓо (термин)

Во ромската култура, гаѓо (машки) или гаѓи (женски род) е лице кое нема Романипен, или не е етнички Ром или не живее во рамки на ромската култура. Честопати се користи за обраќање или означување на соседи кои живеат во нивната заедница или многу блиску. Горја, која честопати се пишува Горгер, е англороманска варијанта на зборот Гаѓо.
Етимологија
[уреди | уреди извор]Потеклото на зборот не е познато, една теорија смета дека потекнува од праромскиот збор „сељак“ (селанец) и има ист корен како и ромскиот збор гав (село).[1] Во Шпанија, во кало жаргонот како гачо или гачи добива воопштено значење на „маж, момче“ или „жена, девојка“. Во португалскиот јазик, зборовите гajo и гaja потекнуваат од ромскиот јазик и се користат во секојдневниот неформален јазик и се однесуваат на маж и жена, во употреба слична на „момче“ во англискиот јазик. Зборот газим ретко се користи во бразилско португалскиот јазик со значење на странска жена, за која се верува дека потекнува од зборот гаѓо. Терминот гаџ во шкотскиот јазик, кој порано го користела само заедницата на Ромите и патниците, од 20 век е во општа употреба.[2] Претежно се користи во Единбург и Дингвол[3] и претставува човек кој говорникот не го познава добро. Во Данди, тоа е повеќе пејоративен израз кој се однесува на лошо образована личност која се занимава со хулиганство или ситен криминал.[4]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Danger! Educated Gypsy: Selected Essays. стр. 103.
- ↑ „Scotslanguage.com - GADGIE n. a boy, a man“. www.scotslanguage.com (англиски). Посетено на 2023-04-06.
- ↑ „Dictionaries of the Scots Language:: SND :: sndns1656“. Посетено на 2023-04-06.
- ↑ „GADGIE“. www.foggieloan.co.uk. Посетено на 2023-04-06.