Гашербрум

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Поглед на Гашербрум од МСС
Поглед на Брод Пик
Поглед на Гашербрум II
Гашербрум IV, Гашербрум V и Гашербрум VI

Гашербрум е група врвови на североисточниот крај на ледникот Балторо, во состав на венецот Каракорум. Како таква, групата им припаѓа на Хималаите и се наоѓа на границата помеѓу Шаксгамската Долина (Кина) и територијата Гилгит-Балтистан (Пакистан). Масивот содржи три врва над 8.000 метри (ако се смета Брод Пик).


Врв Висина (м) СГШ ИГД Истакнатост (м)
Гашербрум I 8.080 35°43′27″ 76°41′48″ 2,155
Брод Пик 8.047 35°48′35″ 76°34′06″ 1,701
Гашербрум II 8.035 35°45′27″ 76°39′15″ 1,523
Гашербрум III 7.952 35°45′34″ 76°38′31″ 355
Гашербрум IV 7.925 35°45′39″ 76°37′00″ 725
Гашербрум V 7.147 35°43′45″ 76°36′48″ 654
Гашербрум VI 6.979 35°42′30″ 76°37′54″ 520

Масивот прв пат е забележан од полковникот Томас Џ. Монтгомери од Кралската инженерија на Британија, учесник во проектот „Голем тригонометриски премер на Индија“. Бидејќи се во состав на Каракорум, тој ги иманувал К1, К2, К3, К4 и К5 (каде „К“ значи Каракорум). Денес К1 се нарекува Машербрум, К3 е наречен Брод Пик, К4 е Гашербрум II, а К5 го носи името Гашербрум I. Само К2 (втор највисок во светот) го задржал називот на Монтгомери.

Историја на освојување[уреди | уреди извор]

Планина Висина (м) Прво освојување
Гашербрум I 8.068 1958 — П. Л. Шениниг, А. Џ. Кауфман (САД)
Брод Пик (if included in group) 8.047 1957 — М. Шмук, Ф. Винтерштелер, К. Димбергер и Х. Бул (Австрија)
Гашербрум II 8.035 1956 — Ф. Моравец, С. Ларх, Х. Виленпарт (Австрија)
Гашербрум III 7.952 1975 — В. Руткјевич, А. Чадвик-Онишкјевич, Ј. Онишкјевич и К. Зѓитовјецки (Полска)
Гашербрум IV 7.925 1958 — В. Бонати и К. Маури (Италија)
Гашербрум V 7.147 неискачена
Гашербрум VI 7.001 неискачена, напревен обид во 1998 г. од француска група (две жртви) и данска група

На 9 март 2012 г., полските планинари Адам Бјелецки и Јануш Голомб станале првите што го искачиле Гашербрум I зиме, и тоа без дополнителен кослород.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  • H. Adams Carter, "Balti Place Names in the Karakoram", American Alpine Journal 49 (1975), p. 53.
  • Mount Qogori (K2) {scale 1:100,000}; edited and mapped by Mi Desheng (Lanzhou Institute of Glaciology and Geocryology), the Xi´an Cartographic Publishing House.
  • Тибетски сништа: Учените глави (англиски)

Координати: 35°43′N 76°42′E / 35.717° СГШ; 76.700° ИГД / 35.717; 76.700