Гаталечко пеење

Од Википедија — слободната енциклопедија

Гаталечко пеење — вражење загадочни стихови, главно при гледање на отворена дланка во раката од гатачките. Тоа е посебен стил на народно пеење, најзастапен во Полошкиот Регион. Го карактеризира троделна форма на мелодијата (АБЦ), во која централно место има вториот дел Б, бидејќи само во него е застапен хагадниот принцип т.е. буквалното повторување амо на средниот мелодиски дел, со редење нови содржини на стиховите, така што секоја нова мелострофа кај делот Б секогаш започнува со целосно повторување на сите претходни стихови од тој мелопоетски дел, а на секој негов крај се додава само еден нов стих.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Бранка Бугариска, Гаталечките песни како дел од вокалната традиција на Тетовско, „Музика“, IV, 6, Скопје, 2000, 79-88.