Гастарбајтер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Гастарбајтер[1] (гостин работник) — име за странски работници кои дошле во Германија во 1960-тите и 1970-тите на привремена работа како дел од програмата за привремени странски работници во Германија.

По Втората светска војна економијата на Западна Германија доживеала брз пораст. По издигнувањето на Берлинскиот ѕид, имало недостиг на неквалификувана работна сила што дотогаш доаѓала од Источна Германија. Поради оваа причина, во 1960-тите, Западна Германија склучила неколку работни договори со земји како Италија (1955), Шпанија (1960), Грција (1960), Турција (1961), Мароко (1963), Португалија (1964), Тунис (1965) и Југославија (1968). Профилот на просечниот гастарбајтер бил млад, неквалификуван човек кој бил добро платен со сите придобивки што ги имале германските работници, но кој исто така се очекувало да се врати дома по долги години работа во Германија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „гастарбајтер“ — Дигитален речник на македонскиот јазик

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]