Гаруа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Гаруа
Garoua
Пазарот во Гаруа
Пазарот во Гаруа
Земја Камерун
РегионСеверен
ДепартманБенуе
Надм. вис.&10000000000000249000000249 м
Население (2005)
 • Вкупно235.996

Гаруа (француски: Garoua, германски: Garua) — град во Камерун и седиште на Северниот регион. Претставува центар на текстилната и памучната индустрија и важен сообраќаен центар за речната пловидба. Во 2005 г. населението броело 235.996 жители.

Историја[уреди | уреди извор]

Градот го основал фуланскиот емир Модибо Адама во првата половина на XIX век. Во времето на паробродовите станало важно речно пристаниште.[1]

Географија[уреди | уреди извор]

Гаруа е сместена на северот на Камерун, на бреговите на реката Бенуе. Од неа се пристапува во Националниот парк Бенуе.[2] Има повеќе населби, и тоа Трговскиот центар, Лопере, Маруер и Јелва на северозапад, недалеку од меѓународниот аеродром.

Клима[уреди | уреди извор]

Просечната температура во градот се движи од 26 °C во јануари до 33 °C во април.

Климатски податоци за Гаруа
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Прос. висока °C (°F) 34.4
(93.9)
37.3
(99.1)
39.8
(103.6)
39.5
(103.1)
36.5
(97.7)
33.2
(91.8)
31.1
(88)
30.7
(87.3)
31.5
(88.7)
34.2
(93.6)
36.0
(96.8)
34.8
(94.6)
34.9
(94.8)
Сред. дневна °C (°F) 26.0
(78.8)
28.9
(84)
32.2
(90)
33.0
(91.4)
30.7
(87.3)
28.2
(82.8)
26.6
(79.9)
26.4
(79.5)
26.7
(80.1)
28.1
(82.6)
27.3
(81.1)
26.0
(78.8)
28.3
(82.9)
Прос. ниска °C (°F) 17.5
(63.5)
20.5
(68.9)
24.7
(76.5)
26.4
(79.5)
24.9
(76.8)
23.2
(73.8)
22.2
(72)
22.0
(71.6)
21.9
(71.4)
22.2
(72)
19.2
(66.6)
17.3
(63.1)
21.8
(71.2)
Прос. врнежи мм (ин) 0.0
(0)
0.0
(0)
2.0
(0.079)
44.1
(1.736)
108.4
(4.268)
134.8
(5.307)
205.3
(8.083)
247.9
(9.76)
190.0
(7.48)
63.3
(2.492)
1.6
(0.063)
0.0
(0)
997.4
(39.268)
Прос. бр. врнежливи денови (≥ 1.0 мм) 0 0 1 5 9 11 14 17 24 6 1 0 88
Сред. бр. сончеви часови месечно 275.0 252.6 260.1 245.4 256.7 224.4 194.0 187.2 204.5 261.5 279.2 286.5 2.927,1
Извор: НОАА[3]

Население[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2005 г. Гаруа има 235.996 жители кои му припаѓаат на народот Фулани.[4] Во градот има и значаен број на доселени Чаѓани и конзулат на Чад.[2]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Градот има пристаниште на четврто место по обем во земјата,[5] и има улога на важен трговски центар.[6] Најтргувани стоки се нафтата, цементот, кожата, кикиритките и памукот, кои се превезуваат на бродови по реката Бенуе до Буруту во Нигерија.[1] Памучната индустрија има долга историја и во градот има неколку тексилопреработувачки погони.[7] Тука е сместена една од главните експозитури на памучното претпријатие „Содекотон“.[8] Од важност се и кожарството и риболовот.[1]

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Меѓу позначајните знаменитости во градот се Големата џамија и стадионот „Румде Адиџа“ со 35.000 седишта, дом на ФК Котон Спорт.[9] Има неколку банки и осигурителни друштва, болница и средно училиште.[1]

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Гаруа има добра сообраќајна поврзаност со сопствен меѓународен аеродром[10]. Низ градот минува и Државниот автопат 1, на крстосница на патиштата за Маруа и Нгаундере.[1] Главниот месен пат низ градот и до аеродромот се нарекува „Ри де Жандермери“.

Познати личности[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 "Garoua". Encyclopædia Britannica. конс. 29 октомври 2016. 
  2. 2,0 2,1 Ham, Anthony (2009). West Africa. Lonely Planet. стр. 207. ISBN 978-1-74104-821-6. https://books.google.com/books?id=1HapewBo3c0C&pg=PA207. 
  3. "Нормални вредности за климата во Гаруа, 1961–1990". Национална океанска и атмосферска управа на САД. конс. March 8, 2015.  (англиски)
  4. Drønen, Tomas Sundnes (31 August 2009). Communication and Conversion in Northern Cameroon: The Dii People and Norwegian Missionaries, 1934-1960. BRILL. стр. 40. ISBN 978-90-474-3098-8. https://books.google.com/books?id=PT-xCQAAQBAJ&pg=PA40. 
  5. Trillo, Richard (2 јуни 2008). The Rough Guide to West Africa. Rough Guides Limited. стр. 3028. ISBN 978-1-4053-8068-3. https://books.google.com/books?id=clU65BAfOmUC&pg=PT3028. 
  6. Georgia (Republic) Export-Import Trade and Business Directory. International Business Publications. октомври 2005. стр. 97. ISBN 978-0-7397-3267-0. https://books.google.com/books?id=qlArJ3yV4rUC&pg=PA97. 
  7. Ndenecho, Emmanuel Neba (2011). Decentralisation and Spatial Rural Development Planning in Cameroon. African Books Collective. стр. 76. ISBN 978-9956-717-66-8. https://books.google.com/books?id=6KkL0YxFxPsC&pg=PA76. 
  8. Raimond, Christine (8 октомври 2013). Ressources vivrières et choix alimentaires dans le bassin du lac Tchad. IRD Editions. стр. 202. ISBN 978-2-7099-1576-2. https://books.google.com/books?id=-B4VObZQ11gC&pg=PA202. 
  9. Parrish, Charles; Nauright, John (21 April 2014). Soccer around the World: A Cultural Guide to the World's Favorite Sport. ABC-CLIO. стр. 58. ISBN 978-1-61069-303-5. https://books.google.com/books?id=N6qSAwAAQBAJ&pg=PA58. 
  10. Africa Review 2003/04: The Economic and Business Report. Kogan Page Publishers. 2003. стр. 44. ISBN 978-0-7494-4065-7. https://books.google.com/books?id=nDSR1FF2hY8C&pg=PA44. 
  11. Appiah, Anthony; Gates, Henry Louis (2010). Encyclopedia of Africa. Oxford University Press. стр. 73. ISBN 978-0-19-533770-9. https://books.google.com/books?id=A0XNvklcqbwC&pg=PA73. 
  12. "Eldridge Mohammadou (1934-2004)". Africanistes. 29 октомври 2016. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 09°18′N 13°24′E / 9.300° СГШ; 13.400° ИГД / 9.300; 13.400