Прејди на содржината

Гарнизон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Војските на месниот гарнизон во Нижегородскиот кремљ, 1914 г.

Гарнизон (старофранцуски: garnison, изведено од garnir — „снабдува“, „наоружува“) — поим од воената област што може да се однесува на следниве значења:[1][2]

  1. Воени единици, воено-образовни установи и други установи што се распоредени трајно или привремено во одредено населено место или во географски реон со утврдени граници.
  2. Едно или повеќе воени одделенија задолжени за одбрана на стратешка точка, утврдување или долготрајна одбранбена структура во зајакнато подрачје. Во историски контекст, поимот гарнизон се однесувал и на војската што бранела тврдини или замоци.

Гарнизонска служба

[уреди | уреди извор]

Гарнизонска служба — вид воена служба што се организира во секој гарнизон и ги има следниве цели:[3]

  • одржување на високо ниво на дисциплина меѓу припадниците на гарнизонот;
  • организација и спроведување на гарнизонски дејности (воени паради, поставување на почесни стражи, оддавање воени почести при погреби);
  • ангажирање на војската за гаснење пожари и санирање на последици од природни катастрофи, како и учество на војската на јавни собири, митинзи и слични настани;
  • поддршка на јавниот ред и мир преку присуство и дејствување на воени единици.

Гарнизонската служба на ниво на воен округ ја координира командантот на округот, а на ниво на гарнизон — началникот на гарнизонот.

Сите воени единици распоредени во гарнизонот се задолжени да ја вршат гарнизонската служба.[2]

  1. Коллектив авторов. Том 2, статьи «Гарнизон» и «Гарнизонная служба» // Советская военная энциклопедия в 8-ми томах (2-е издание) / Под ред. Огарков Н. В.. — М.: Воениздат, 1978. — С. 479—478. — 654 с. — 105 000 экз. (руски)
  2. 2,0 2,1 Коллектив авторов. Том 2, статьи «Гарнизон» и «Гарнизонная служба» // Военная энциклопедия / Под ред. П.В. Грачёв. — М.: Воениздат, 1994. — С. 358. — 544 с. — 10 000 экз. — ISBN 5-203-00299-1. (руски)
  3. БСЭ. — Т. 6. — М., 1971. — С. 129—130. (руски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  • Nouveau petit Larousse illustré, 1952 (Француски енциклопедиски речник)