Гангстер (филм од 1977)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Гангстер (француски: Le Gang; италијански: La Gand del Parigino) - француско-италијански филм од 1977 година, во режија на Жак Дереј (Jacques Deray), според сценариото на Алфонс Будар (Alphonse Boudard) и Жан-Клод Карие (Jean-Claude Carriere). Главните улоги ги толкуваат: Ален Делон (Alain Delon), Ксавиер Депраз (Xavier Depraz), Ролан Бертан (Roland Bertin), Адалберто Марија Мерли (Adalberto Maria Merli), Морис Барие (Maurice Barrier), Џампјеро Албертини (Giampiero Albertini) итн. Филмот претставува адаптација на познатиот криминалистички роман Flic Story на некогашниот полициски инспектор Rogera Bornichea.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Кон крајот на 1945 година, во Франција, се здружуваат петмина пријатели, инаку ситни криминалци, а нивниот водач е гангстерот наречен Le Dingue (го игра Делон). Под негово водство, тие извршуваат низа успешни грабежи на банки. Полни со пари, тие водат луксузен живот во монденските места, а во еден бар, Le Dingue ја запознава убавата девојка Маринет со која започнува љубовна врска. Меѓутоа, набргу, полицијата им влегува во трагата и така започнува надмудрувањето меѓу неа и криминалците...[2]

Наводи[уреди | уреди извор]