Гангстер

Гангстер или уште бандит — злосторник што е член на некаква злосторничка или незаконска организација и на некој начин е поврзан со организираното злосторништво.[1][2]
Обично, под поимот гангстер се подразбира член на злосторничка организација како што е мафијата (позната и под името Коза ностра — Cosa Nostra). Се занимаваат со незаконски дејности како трговија со дрога и рекет. Често имаат и законски бизнис што служи како параван за нивните злосторнички дејства.
Многу често, припадници на мафијата се обидувале да подмитуваат и манипулираат политички избори или судови. Прибегнуваат кон нарачани убиства и незаконска трговија. Влегуваат во гангстерски војни само ако некој продавал на нивна територија или убил некој нивни човек.
Еден од најпознатите гангстери е Ал Капоне.
Употреба
[уреди | уреди извор]Во современата употреба, поимот „банда“ најчесто се користи за злосторничка организација, а поимот „гангстер“ речиси секогаш се однесува на злосторник. Многу е пишувано за темата банди, иако сѐ уште нема јасен консензус што точно претставува банда или во какви околности настанува и се развива една банда. Меѓутоа, постои согласност дека членовите на една банда имаат чувство на заедничка самоличност и припадност, што најчесто се зацврстува преку заеднички дејности и преку визуелни обележја, како посебна облека, тетоважи, бои или прстени.
Некои предрасуди можат да бидат неточни. На пример, често прифатеното мислење дека незаконската распределба на дрога во САД е во голема мера под управување на банди, е доведено под прашање.[3]
Бандата може да биде релативно мала група луѓе што соработуваат во извршување на злосторнички дела — како што било со бандата на Џеси Џејмс, која згаснала по убиството на нејзиниот водач во 1882 г. Но бандата може да биде и поголема организација со формална структура што продолжува да постои и по смртта на нејзиниот основач. На пример, секоја од Петте семејства (мафијашки кланови) основани во раниот XX век го надживеала својот основач и опстојала сѐ до XXI век.
Големи и добро организирани банди како што се мафијата, наркокартелите, тријадите, Крипс, Бладс или дури и одметнатите мотоциклистички банди, се способни да извршат сложени операции што би биле невозможни за еден поединец. Тие понекогаш нудат и услуги како што се посредување при спорови и спроведување договори — функции што паралелно ги извршува и легитимната власт.[4]
Изразот „организирано злосторништво“ често се поврзува со банди и гангстери, но не е синонимен со нив. Мала улична банда што од време на време се занимава со ситно злосторство не се смета за „организирана“. Организација што координира банди во различни земји и учествува во меѓународна трговија со дрога или проституција, не мора да се смета за „банда“.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „гангстер“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „гангстер“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Kontos, Louis; Brotherton, David; Barrios, Luis (2003). Gangs and society: Alternative Perspectives. Columbia University Press. ISBN 0-231-12141-5
- ↑ Abadinsky, Howard (2009). Organized Crime. Cengage Learning. ISBN 978-0-495-59966-1.